Новитети
Фејслифт на ID.3 – отсега сопствениците ќе може да доплаќаат за функционалности преку онлајн продавница во самото возило
Купувачите ќе ја добијат и најновата (3.0) верзија на софтверот која овозможува поголем опфат на безжични надградби.
Неколку години по ласнирањето, Volkswagen го промовираше и сеопфатниот фејслифт на комплетно електричниот ID.3 модел.
ID.3 e првиот модел поставен на MEB платформата развиена од VW Group, а беше лансиран во 2020 година.
“Систематски ги воведовме барањата на купувачите”, изјави Имелда Лабе, директор на VW за продажба и маркетинг.
Визуелно, се забележува воведување на поконвенционален изглед со нов браник, а отстранети се пластичните лајсни од подножјето на ветробранското стакло.
Порафинираниот пристап кон дизајнот се забележува и во внатрешноста, каде се забележуваат помеки површини, кои се преземени од поголемиот ID.4.

Купувачите ќе ја добијат и најновата (3.0) верзија на софтверот која овозможува поголем опфат на безжични надградби.
Измените во однос на интерфејсот вклучуваат редизајн на екранот, попрегледно мени, а идните сопственици на ID.3 ќе можат да купуваат услуги преку онлајн продавницата, помеѓу кои е и адаптивниот темпомат.

Опционално достапниот Travel Assist овозможува возилото да ги синхронизира податоците со централен систем, доколку во возилото има интернет конекција. Оваа двонасочна размена на податоци ќе овозможи подобро функционирање на системите за асистенција при возењето.
Возилото ќе користи податоци за мапирање преземени од други возила на групацијата, а најавено е подобро центрирање на возилото во коловозната лента и во случаите кога само една од страните на лентата е јасно обележана.