Новитети
Фејслифт на Hyundai Ioniq 5 – отсега системот за полнење од добавувачот Rimac ќе ја подготвува батеријата за брзо полнење
Од следната година, купувачите на Ioniq 5 ќе добијат батерија со капацитет од 77.4 kWh, наместо тековната со капацитет од 72.6 kWh.
Корејскиот гигант отвори ново поглавје во својот процес на електрификација со лансирањето на Ioniq 5. Преку 800 волтната технологија за полнење која е произведена од добавувачот Rimac (истата се вградува и во Porsche Taycan), остриот дизајн и елегантниот ентериер, кросоверот се наметна како еден од главните фаворити кај европските купувачи на електрични автомобили.
Но, Hyundai има офанзивен план за моделот. Имено, иако моделот е во продажба од почетокот на 2021 година, производителот веќе најави фејслифт. Промените во новата моделска година се прилично екстензивни, па затоа го залужуваат именувањето како фејслифт.
Од следната година, купувачите на Ioniq 5 ќе добијат батерија со капацитет од 77.4 kWh, наместо тековната со капацитет од 72.6 kWh.
Новата поголема батерија всушност е истата која се вградува во сестринскиот модел Kia EV6. Друга новина е дисконтинуирањето на основната верзија во комбинација со погин на сите тркала.
Уште едно суштинско подобрување е подготвувањето на батеријата за рапидно полнење, кое сега ќе биде вклучено како стандард. Тоа во пракса значи дека штом возачот избере станица за брзо полнење преку системот за навигација, автомобилот ја подготвува батеријата за брзо полнење, така што таа ќе биде подготвена за брзо полнење штом автомобилот стигне до станицата.
Ова ќе овозможи многу побрзо полнење, особено во зимски услови.
За подобрување на возниот комфор, Hyundai воведува таканаречени Smart Frequency Dampers, за подобрување на суспензијата на предната и задната оска.
Во опциите по фејслифтот клиентите че може да изберат и дигитални ретровизори. Опцијата наречена Digital Center Mirror (DCM) вклучува камера поставена под задниот спојлер која проектира широкоаголно видео на внатрешниот ретровизор. Оваа опција може да се нарача и за страничните ретровизори.
Добро е што Hyundai воведува технологија која од пред неколку години започна да се имплементира кај премиум брендовите. Иако, за проектирањето на видео на ретровизорот наместо класично огледало има и негативни аспекти, односно ќе треба време додека производителите да го унапредат системот.
Имено, од нашето искуство при управување на автомобили со ваква функционалност, негативност тоа што кадарот кој се проектира на ретровизорот започнува од зад возилото. Тој навистина добро ја проектира околината, но за разлика од класичниот ретровизор, не го проектира задниот дел од автомобилот на возачот.
Токму задниот дел од автомобилот и задното ветробранско стакло, кои се гледаат во секој класичен ретровизор, даваат многу важна перспектива за тоа колку е оддалечен автомобилот зад вас. Со користење на камерата поставена на задниот спојлер, таа перспектива се губи.
Но, да се вратиме на Ioniq 5. Hyundai воведува неколку технолошки пакети, како што е пакетот составен од системи за асистенција при управувањето, во кој е вграден Highway Driving Assist 2.0.
Технички гледано, Hyundai Ioniq 5 е поставен на E-GMP платформата, која е флексибилна, па на неа може да се постават електрични, плаг-ин хибридни и погони на водород.
Но, уште поважно е тоа што поади големото меѓуоскино растојание, таа овозможува прилично комотен ентериер. Затоа, на истата платформа ќе бидат поставени и Ioniq 6 и Ioniq 7.
Очигледно е дека со динамичното темпо на унапредувања, Hyundai се труди неговиот кросовер да се одвои од фаворитот на купувачите – VW ID.4. Факт е дека Ioniq 5 драстично се разликува во дизајнот, но се обидува да прикаже и технолошката супериорност. Ќе треба да почекаме до крајот на првиот семестар во 2023 за да видиме како повисоката цена на моделите од новата моделска година ќе се одрази врз пазарниот удел на моделот.