Slide

Новитети

Фејслифт на третата генерација на Porsche Cayenne

Slide

Од производителот не пропуштаат да ги нагласат HD Matrix LED предните светла, кои отсега ќе имаат по 32,000 пиксели по светло. Оттука и "HD" додавката во брендингот на светлата.

24/04/2023

Германскиот премиум производител во рамки на VW Group, неодамна ги претстави промените кои ги воведува на половина од генерацискиот циклус на третата генерација на својот голем спортски SUV, моделот Porsche Cayenne.

И како што е соодветно за фејслифт во 2023 година, Porsche воведува промени во корисничкиот интерфејс, преземајќи концепти од својот деби електричен модел – Taycan.

Така, купувачите на фејслифтот ќе добијат комплетно дигитална инструмент табла со 12.6 инчи големина, а десно од неа визуелно е интегриран и централно поставениот екран осетлив на допир.

Но, тука не завршуваат екраните. Сега е воведен и екран наменет за совозачот, на кој во некои земји ќе може да се проектираат и видеа, филмови и слично.

Од производителот не пропуштаат да ги нагласат HD Matrix LED предните светла, кои отсега ќе имаат по 32,000 пиксели по светло. Оттука и “HD” додавката во брендингот на светлата.

Хибридната изведба на Cayenne овозможува електрична автономија од 90 километри. Овој хибрид има системска сила од 346 kW.

Slide
Slide

Најнови содржини

Продажбата на електрични изведби во сегментот на мали SUV возила стагнира поради намалените субвенции во дел од европските држави
Според Лука де Мео, строгата Еуро 7 норма ќе ја врати автоиндустријата назад кон инвестиции во мотори кои немаат иднина
Автомобилските производители продолжуваат со пренамена на своите фабрики во Обединетото Кралство и покрај промените во регулативата
Во првите 8 месеци од годината, VW Group и Tesla ја предводат електрификацијата во Европа