Slide 1

Новитети

Фејслифтот на Arona вклучува пакет кој овозможува полу-автономно управување на брзини до 210 km/h

Slide 1

Дополнително со возилото може да се поврзe мобилна апликација, при што може да се користат онлајн услуги и унапредена гласовна комуникација која реагира на командата: "Hola Hola".

18/11/2021

Фејслифтот на Arona, компактниот кросовер на Seat, хронолошки ќе се софпадне со оној на Ibiza, со која ја дели и платформата MQB-A0, развиена од Volkswagen. 

Но, за разлика од Ibiza, редизајнот на Arona е прилично сеопфатен, што може да се забележи од примерокот со FR пакет на опрема кој пристигна во салонот на Seat во Скопје.

Дури и во светлата, чија форма не е променета, сега се поставени LED диоди во сите пакети на опрема.

Со оглед на сегментот на кој припаѓа Arona, Seat се фокусираше на унапредување на персонализацијата. Затоа подготви нови дизајни за 17 и 18-инчните бандажи, како и нови бои на каросеријата. Seat, исто така, нуди три бои за кровот, кој сега завршува со редизајнираниот спојлер. 

Во задниот дел доминира името на моделот испишано со големи ракописни букви, што е тренд кај брендот, а и логото на Seat е малку редизајнирано.

FR пакетот на опрема, со кој е опремен моделот кој пристигна во салонот на Seat во Скопје, е еден од четирите пакети во кои ќе се нуди новата Arona, покрај Reference, Style и Xperience.

Xperience пакетот на опрема, кој е замена за досегашниот Xellence, најмногу се разликува од верзијата пред фејслифтот. Тука маската е комплетно редизајнирана, а отворите за воздух се прилично намалени. Опционалните светла за магла се поместени погоре, под главните светла. 

Во однос на цените, ценовникот за нашиот пазар сè уште не е достапен. Погледнавме во германскиот ценовник, таму Reference пакетот на опрема започнува од 19.290 евра.

Во ентериерот се забележуваат истите иновации кои се воведени и кај Ibiza. Тоа значи дека централната конзола има нова форма, исто како и мултифункционалниот волан, кој опционално може да биде покриен со Nappa кожа. Како дел од фејслифтот воведени се и нови материјали за седиштата. 

Багажникот, кој има двоен под, може да собере товар со волумен од 400 литри.

Централно поставениот екран осетлив на допир, кој е зголемен на 8.25, односно 9.2 инчи, и дава на Arona специфичен, модерен изглед. Особено кога се комбинира со 10.25-инчната дигитална инструмент табла. Инфотејнмент ситемот вклучува безжично (full link) поврзување на мобилен телефон, Apple CarPlay или Android Auto. Воведени се и два нови USB-C порта. 

Дополнително со возилото може да се поврзе мобилна апликација, при што може да се користат онлајн услуги и унапредени гласовни команди кои се активираат на фразата: “Hola Hola”.

Значително се унапредени и електронските системи за асистенција. Како дополнување на системот за автономно сопирање во случај на опасност, вклучени се технологии кои предупредуваат доколу друго возило се најде во “мртов агол”, систем кој ги препознава сообраќајните знаци, како и систем кој автоматски ги прилагодува долгите светла штом наиде возило во спротивен правец. 

Доколку купувачот го избере “Travel Assist”, пакетот, сите овие системи се интегрираат во заеднички пакет кој овозможува полу-автономно управуавње на брзини до 210 km/h.

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Renault ќе го замени Kadjar со Austral – нов компактен SUV кој ќе има и плаг-ин хибридна изведба
Караван изведбата на Opel Astra ќе атакува на позицијата на Skoda Octavia – бестселерот во сегментот во Европа
Porsche во 2024 ќе ги лансира новите батерии со силициумски аноди и 10 пати поголема енергетска густина
Stellantis ја зголеми автономијата на електричните модели на Opel и Peugeot преку нови пневматици од Continental