Slide 1

Новитети

Фејслифтот на Audi A8 вклучува 1.3 милиони микро-огледала за прецизно насочување на светлосниот сноп

Slide 1

Новите задни светла користат OLED технологија како стандард и во координација со системите за асистенција имаат можност за детекција на далечината на објектите.

05/11/2021

Тековната генерација на Audi A8 е на пазарот од 2017 година, па за следната, 2022 моделска година производителот подготви редовен фејслифт, кој најмногу се манифестира преку изменетите преден и заден дел, како и многу нови технологии.

Ова е последното надградување на моделот, бидејќи не е планирана следна генерација со конвенционален мотор со внатрешно согорување.

Од следната година, A8 ќе има уште поширока решетка која е направена од хромирани елементи кои се зголемуваат во долниот дел. Редизајнирани се страничните отвори за воздух кои сега се поставени повертикално, а сменет е изгледот и на светлата.

Во задниот дел редизајниран е дифузерот – (кај S8 дифузерот има различен изглед). Audi лансира и нови дизајнерски пакети со кои купувачите ќе може дополнително да го персонализираат својот автомобил.

Како дополнување на основниот екстериер, Audi ќе продолжи да ги нуди на купувачите хромираниот и црниот пакет на екстериерот, а за првпат кај A8 се воведува можноста од избор на S-Line пакет.

Компанијата од Инголштат ја зголеми палетата на бои за A8 за чеитри металик и пет мат бои. Нови се металик боите District Green, Firmament Blue, Manhattan Gray и Ultra Blue, како и матираните бои Daytona Gray, Floret Silver, District Green, Terracotta и Glacier White.

Новите главни светла се опремени со LED Matrix и Micromirror технологија. Вкупно 1.3 милиони микро-огледала го раздвојуваат светлосниот сноп на засебни пиксели. Таа на светлата им овозможува функционалности како што е прецизното следење на коловозната линија при движење по автопат. 

Новите задни светла користат OLED технологија како стандард и во координација со системите за асистенција имаат можност за детекција на далечината на објектите. Задните светла ќе реагираат доколку друго возило се приближи на помалку од 2 метри до A8.

Купувачите на А8 ќе може да изберат помеѓу две опции за светлата, додека три можности ќе им бидат на располагање на оние кои ќе изберат S8.

Техничките функционалности вклучуваат управување на сите тркала функционалност воведена кај верзијата пред фејслифтот – а ќе биде вклучена како сериска опрема кај S8. 

Специјален електричен мотор ќе може да го зголеми или намали притисокот на секое тркало оддвоено, што овозможува регулација на позицијата на кабината во секоја возна ситуација.

Изборот на големините на тркалата кај Audi A8 се движи помеѓу 18 и 21 инчи, а вклучува 6 нови дизајни од Audi и Audi Sport. Купувачите на S8 ќе може да нарачаат керамички дискови на сопирачките. 

Достапни се и нови бои во однос на ентериерот, а впечатокот е надополнет со два инфотејнмент екрани со големина од по 10.1 инчи, кои се додадени на задните седишта и се контролирани преку далечинско, поставено во централниот наслон за раце. Купувачите ќе може да изберат и фрижидер со минибар и/или масичка која се расклопува на централната конзола.

Фејслифтот на А8 вклучува дури 40 системи за асистенција при возењето, а тие се поделени во неколку категории. 

Park пакетот вклучува можност автомобилот автоматски да се паркира или да излезе од паркинг место без возачот да биде присутен во автомобилот. 

City пакетот вклчува сензори поставени на сите страни на каросеријата, чија функција е да сигнализираат потреба од подигнување на суспензијата во случај на страничен удар, за да ги заштитат патниците во кабината. 

Во однос на моторите, нема изненадвања со фејслифтот. Основниот мотор е истиот – 3-литарски V6 бензински мотор со 340 hp. Четирилитарскиот V8 има различна сила кај A8 и S8 (460 hp кај А8, 571 hp кај S8). Дополнително, 3-литарскиот турбо-дизел со 286 hp и плаг-ин хибрид изведбата со 462 hp ќе продолжат да бидат дел од понудата.

Фејслифт верзијата на Audi A8 ќе започне да се продава во декември, а во Германија цените започнуваат од 99,500 евра. Цените на S8 започнуваат од 144,800 евра.

Вреди да се напомене дека Audi подготви уште еден врвно опремен пакет наменет само за кинескиот пазар кој вклучува и 13 сантиметри подолго меѓуоскино растојание.

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Renault ќе го замени Kadjar со Austral – нов компактен SUV кој ќе има и плаг-ин хибридна изведба
Караван изведбата на Opel Astra ќе атакува на позицијата на Skoda Octavia – бестселерот во сегментот во Европа
Porsche во 2024 ќе ги лансира новите батерии со силициумски аноди и 10 пати поголема енергетска густина
Stellantis ја зголеми автономијата на електричните модели на Opel и Peugeot преку нови пневматици од Continental