Slide 1

Вести

Фејслифтот на Citroën C3 Aircross кој брендот го најави во февруари, пристигна во салонот на Citroën во Скопје

Slide 1

Разликата во висина е позабележлива (наместо 1.597мм сега таа изнесува 1.640мм). Ова придонесува кросоверот да изгледа повеќе како голем SUV.

28/07/2021

Популарниот кросовер на Citroën со фејслифтот добива серија технолошки надградби, остар дизајн и повеќе комфор.

Ваквите промени ќе овозможат адутот на Citroën во B-SUV сегментот да биде конкурентен во следните неколку години во битката за купувачите, каде има сериозна конкуренција во моделите како Nissan Juke и Peugeot 2008. 

Во оваа битка Citroën настапува во свој стил: 70-те комбинации на бои на каросериајта, кровот и стилските пакети ќе ја инспирираат креативноста на купувачите при конфигурација на своето возило. 

Трите нови бои – (Polar White, Voltaic Blue и Kaki Gray) купувачите ќе може да ги комбинираат со портокалова или сина боја.

Димензиите не се значително променети во однос на претходникот. Багажниот простор, на пример, е идентичен – 410 литри (1.289 литри со спуштена задна клупа).

Разликата во висина е позабележлива (наместо 1.597мм сега таа изнесува 1.640мм). Ова придонесува кросоверот да изгледа повеќе како голем SUV. Промената на перцепцијата за Citroën C3 Aircross, сепак, произлегува од визуелните промени на предниот дел.

Значителна разлика во ентериерот е зголемениот инфотејнмент екран чија дијагонала сега изнесува 9 наместо 7-те инчи кај претходникот. 

Оние кои ќе изберат Urban Blue, Metropolitan Graphite или Hype Gray во однос на ентериерот, ќе добијат седишта од Citroën Advanced Comfort програмата која е заштитен дел францускиот производител.

Во однос на технологијата која го олеснува возењето, присутни се серија на системи од кои дел ја зголемуваат безбедноста, а останатите го прават возењето безгрижно и лесно, како на пример, “hands-free” пристап и стартување на возилото, Park Assist и Top Rear Vision камера.

Во однос на возењето во офроуд услови, две технологии се важни за олеснување на движењето, а се вклучени во Citroën C3 Aircross. Тоа е Grip Control системот како и Hill Assist Descent – кој овозможува електронски дефинирање на брзината на движење при спуштање низ стрмни надолнини, со што се избегнува пролизгување.

Citroën C3 Aircross има уште еден адут во освојување на купувачите – цената. Имено, достапни се три пакети на опрема – Feel, Feel Pack и Shine, кои започнуваат од 16.190 евра. 

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Специјалнa верзија на Fiat 500X го тестира третото ниво на автономно возење на автопатите во Италија
Citroën претстави нов C3, специјално креиран за Индија и Јужна Америка
Volkswagen, по примерот на Tesla, планира да заработи стотици милиони евра од бесплатните Over-the-Air надградби
Првиот електричен автомобил на Xiaomi ќе пристигне во првата половина од 2024