Slide

Вести

Фејслифтот на првата генерација на Opel Grandland, пристигна во салонот на Opel во Скопје

Slide

Фејслифтот на Grandland го следи трендот на освежување на изгледот кое веќе беше спроведено кај помалите кросовери Crossland и Mokka.

31/03/2022

Во фабриката во Ајзенах во Германија од средината на минатата година се произведува фејслифтот на првата генерација на Opel Grandland. Сега, “освежениот” кросовер пристигна и во продажните салони на Opel во Македонија.

По тој повод, вчера имавме можност на прес конференција да го видиме “освежениот” Grandland. PSA групацијата уште пред три години реши да го пресели производството на Grandland X од фабриката во Сошо во Источна Франција, во фабриката на Opel во Ајзенах, Германија. Промената беше дел од договорот на PSA со синдикатот на работниците на Opel.

Фејслифтот на Grandland го следи трендот на освежување на изгледот кое веќе беше спроведено кај помалите кросовери Crossland и Mokka.

Исто како и во случајот со Crossland, и најоглемиот SUV на Opel продолжува без латиничната буква “икс” во името.

Во предниот надворешен изглед на Grandland доминира новиот “Vizor”. Тој е поставен хоризонтално и се протега од едниот до другиот крај, сè до новите опционални LED Matrix светла. Целиот елемент е обложен со хромирана рамка, a под Vizor-от е поставен уште еден тенок отвор за воздух.

По дебито во Insignia, напредните LED Matrix светла се дел од понудата и кај новиот Grandland. Системот именуван како “IntelliLux LED Pixel Light” всушност се состои од 168 LED елементи (по 84 во левото и десното светло). Opel ги именува светлата како интелигентни, поради можноста за автоматско адаптирање на светлосниот сноп во зависност од условите на патот, со што се избегнува ефектот на заслепување на возилата кои наидуваат од спротивната насока. Карактеристичниот Opel изглед го надополнуваат интегрираните LED дневни светла.

За време на презентацијата, продукт менаџерот за Opel, не пропушти да ја нагласи можеби највпечатливата технолошка иновација кај овој модел, а тоа е “Night Vision” системот, кој преку инфрацрвена термална камера го скенира патот на растојание до 100 метри пред возилото. Grandland е првиот модел на Opel во кој дебитира оваа технологија за која купувачите ќе треба да доплатат околу 1.000 евра. Термалната камера во темница препознава луѓе и животни на патот врз основа на разликата на нивната температура и температурата на околината. Штом термалната камера забележи пешак или животно на патот, ќе ја проектира неговата слика на екранот. Сепак, “Night Vision” опцијата ќе биде достапна само кај поскапите пакети на опрема како што се Ultimate и Business Elegance.

Нов дигитален кокпит

Пакетите на Grandland со автоматска трансмисија вклучуваат и систем за предупредување од судир. Овој систем користи камера и радар и ги интегрира перформансите на неколку системи за асистенција при возењето: системите за детекција на пешаци, сообраќајни знаци и поспаност кај возачот, како и системот за автоматско сопирање.

Новиот Grandland има комплетно нов кокпит. Тука доминира дигиталниот “pure panel” концепт преземен од Mokka. Отсега возачите ќе ги следат информациите на дигитален дисплеј, кој во поскапите пакети има дијагонала од 12 инчи. Во овие пакети е вклучен и 10-инчен централно позициониран екран осетлив на допир.

И покрај новиот дигитален интерфејс, сепак, од Opel одлучија да ги задржат физичките копчиња за контрола на клима уредот и уште неколку функции на инфотејнмент системот. Новиот систем овозможува поврзување на мобилен телефон преку Apple CarPlay или Android Auto, а патниците ќе можат безжично да ги полнат своите мобилни телефони.

Избор на мотори

Во понудата се вклучени разновидни комбинации на мотори, трансмисија и електромотори. Прва опција е 1.2 литарски турбо бензински мотор со три цилиндри, 130 КС и максимален вртежен момент од 230Nm, кој може да се комбинира со шестстепена мануелна или осумстепена автоматска трансмисија.

Достапен ќе биде и 1.5 литарски турбодизел со 130КС, но и максимален вртежен момент од 300Nm. Оваа опција ќе биде достапна само со осумстепената автоматска трансмисија. И двата мотори се со погон на предната оска.

Послабата од двете плаг-ин хибрид изведби ќе биде достапна само со погон на предните тркала. Таа комбинира 1.6 литарски четирицилиндерски бензински мотор со 180КС, кој е надополнет со електричен мотор со сила до 81kW/110КС и 8-степен автоматски менувач.

Оние кои се заинтересирани, во салонот на Opel може да добијат дополнителни информации за можните конфигурации на погоните со соодветните пакети на опрема. Импортерот за Македонија, Еуроимпекс подготви три пакети на опрема за физичките лица, како и два специјални пакети на опрема наменети за флотните клиенти.

Slide
Slide

Најнови содржини

Mercedes ќе го намали бројот на дилерствата, во процесот на транзиција кон агенциски модел на продажба
Volkswagen започна да прима нарачки за електричниот ван ID. Buzz, првите испораки – на есен
Презентација на 10 електрифицирани модели од Opel и Peugeot – два од брендовите на Stellantis групацијата
Mercedes за електричната G-Class ќе користи нови батерии со силициумски, наместо графитни аноди