Slide

Вести

Фејслифтот на Skoda Karoq пристигна во салонот во Скопје

Slide

Поставен на модуларната MQB/A1 платформата на Volkswagen Group, Karoq е сестрински модел на Seat Ateca и VW T-Roc.

05/05/2022

Освежениот Karoq има вегански ентериер и Matrix LED светла за достапна цена.

Токму на половина од генерацискиот циклус на Karoq, Skoda спроведе фејслифт, кој веќе пристигна во салонот на Skoda во Скопје и е достапен за нарачка.

Четири години по дебито, Karoq доби фејслифт. Наследникот на Yeti е важен извор на продажби за Skoda, а во 2020 го зазеде и второто место на листата на интерни продажби, веднаш зад Octavia.

Поставен на модуларната MQB/A1 платформата на Volkswagen Group, Karoq е сестрински модел на Seat Ateca и VW T-Roc.

Визуелно, се забележуваат неколку трансформации чија изведба е возможна без промени во шасијата. Такви модификации се можни кај маската и праговите, светлата и решетката од радијаторот.

Сега решетката има шестоаголна форма. Тоа би значело шест агли, но доколку ја гледате отстрана, ќе забележите уште еден агол, поради тоа што хаубата продира се до решетката, која добива 3D форма. Поради тоа што решетката е сега поширока и се простира поблиску до страниците, светлата се поставени веднаш до неа.

Новата предна маска има нови отвори за воздух и таканаречени Air Curtains, чија намена е намалување на турбуленцијата.

Според Skoda, коефициентот на отпор на воздухот сега е намален за повеќе од 9 проценти, споредено со претходникот.

Нова форма имаат и дневните светла. Промените на задниот дел, пак, се позабележливи, како резултат на новите задни светла, кои отсега ќе бидат вклучени како стандард.

Светлата на новиот Karoq се едни од видливите промени во однос на технологијата. Сега може да се нарачаат Full LED матрикс светла како опција. Karoq има вклучени LED светла како стандард во сите конфигурации.

Новина е и опционалниот “Eco” пакет. Кај овој пакет седиштата се направени од рециклиран материјал, односно од рециклирани шишиња.

Дополнителна разлика е воведувањето на можност за електрично поместување на предното совозачко седиште, како и мемориска функција, која може да се нарача во погорните пакети. Новина е и хромираната декоративна лајсна на централната конзола (исто така достапна како опција во повисоките пакети). Во иднина, кај сите пакети на опременост дигиталната инструмент табла ќе биде вклучена како стандард. Дисплејот има дијагонала од 8 инчи. Опционално е достапен и поголем дисплеј со големина од 10.25 инчи.

Што се однесува до инфотејнмент системот, основниот има екран со големина од 6.5 инчи. Опционалните 8 и 9.2-инчни екрани имаат интегриран eSIM и се онлајн поврзани. Овие функционалности се базирани на третата генерација на Modular Infotainment Matrix. 

Android Auto и Apple CarPlay се достапни со безжично поврзување, а возилото може безжично да се лоцира, да се отклучува и заклучува преку апликација.

Основниот мотор е бензински EVO мотор со три цилиндри и сила од 110 hp, кој е достапен со мануелна шест-степена и автоматска седум-степена трансмисија. 1.5-литарскиот мотор со сила од 150 hp TSI и четири цилиндри, засега не е достапен кај нас. 

Наместо него, достапни се и два дизел мотори, два 2.0-литарски TDS мотори со 116 и 150 hp, и двата се достапни со мануелна и автоматска трансмисија.

Slide
Slide

Најнови содржини

Mercedes ќе го намали бројот на дилерствата, во процесот на транзиција кон агенциски модел на продажба
Volkswagen започна да прима нарачки за електричниот ван ID. Buzz, првите испораки – на есен
Презентација на 10 електрифицирани модели од Opel и Peugeot – два од брендовите на Stellantis групацијата
Mercedes за електричната G-Class ќе користи нови батерии со силициумски, наместо графитни аноди