Slide

Вести

Феликс да Коста е нов Формула Е шампион, втора титула по ред за DS Techeetah

Slide

14/08/2020

Штефан Вандорн стигна до првата победа во Формула Е кариерата, а тоа му беше доволно и за второ место во генералниот пласман на сезоната која заврши вчера. Шампионската титула е решена на две трки до крајот и му припадна на Феликс да Коста од тимот на DS Techeetah.

Последната трка на електричните болиди во Берлин донесе триумф за возачот на Mercedes, додека победничкиот пиедестал го заокружија неговиот тимски колега Ник де Врис и Себастијан Буеми од Nissan e.dams.

Да Коста рутински го заврши шампионатот откако веќе ја прослави првата титула во Формула Е и тоа со тимот за кој вози прва сезона. На крајот собра 158 поени, пред Вандорн со 87 и Жан-Ерик Верњ со 86 поени.

Токму неговиот тимски колега Верњ ја освојуваше ФЕ титулата изминатите две сезони, а претходно по една освоија и Лукас ди Граси, Себастијан Буеми и Нелсон Пике џр.

Сезоната беше прекината поради коронавирусот, на крајот беа извозени 11 трки, а по рестартот беа возени дури шест на иста локација, аеродромот Темплхоф во Берлин.

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба