Slider

Вести

Фернандо Алонсо го тестирал прототипот на Toyota Hilux

Slider

Toyota веќе најави дека Hilux ќе користи 2.8-литарски мотор и целосно нова суспензија, задржувајќи го препознатливиот потенцијал во однос на моќноста, функционалноста и издржливоста

01/06/2020

За време на минатогодишните подготовки за Релито Дакар кое се одржа на почетокот на 2020 година, поранешниот Формула 1 шампион, Фернандо Алонсо, имал можност да го тестира и протипот на освежената актуелна генерација на Toyota Hilux.

Легендарниот пик-ап на јапонскиот производител ќе добие сериозен фејслифт оваа година, а токму Алонсо бил меѓу првите кои имале можност да се запознаат со нејзините нови квалитети.

Toyota веќе најави дека Hilux ќе користи поекономичен 2.8-литарски дизел мотор и целосно нова суспензија, задржувајќи го препознатливиот потенцијал во однос на моќноста, функционалноста и издржливоста.

– Hilux е икона и отсекогаш сум бил фан на овој автомобил. Кога го видов првпат новиот Hilux, изгледаше спектакуларно. Беше навистина интересно да го тестирам овој нов автомобил во екстремни услови и да го испробам неговиот потенцијал до самите лимити.

– Новиот 2.8-литарски мотор реагира одлично и суспензијата остава одличен впечаток, одржувајќи посакуван комфор и во најекстремните потфати. Мислам дека Hilux ќе биде непобедлив, – изјавил Алонсо.

Повеќе содржини за Toyota

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider