Вести
Ferrari, McLaren и Aston Martin добија дополнителни 6 години од ЕУ за да ги достигнат Co2 нормите
Италијанците вршеа притисок за продолжување на овој рок до 2040 година.
Производителите на спортски автомобили добија дополнителни 6 години за достигнување на лимитите на Co2 емисија.
Производителите на супер-спортски автомобили добија дополнителен рок од 6 години, време потребно за да развијат погони со 0 емисија на штетни гасови. ЕУ се согласи на овие мали производители да им одобри дополнителен период кој ќе трае сѐ до 2035 година.
Првично беше предвидено производителите како Ferrari, Bugatti, McLaren и Aston Martin да ги исполнат предвидените квоти до 2029 година. Но, според најновата одлука, производителите кои продаваат помалку од 10,000 возила годишно во Европа, имаат дополнителни 6 години за остварување на Co2 нормите.
Исклучокот се толкува како попуштање под притисокот на Италија, земја во која се наоѓааат произведителите како Ferrari, Lamborghini и Pagani, особено по потврдувањето/ратификацијата на одлуката на Европскиот Парламент за забрана за продажба на возила со мотори со внатрешно согорување во ЕУ зоната по 2035 година.
Имено, Италијанците вршеа притисок за продолжување на овој рок до 2040 година.
Производителите на супер-спортски автомобили имаат потешкотии во транзицијата кон електрични погони, поради диспропорцијата во тежината на батеријата кај овие модели, како и наклонетоста на клиентите кон V-8 и V-12 моторите и нивниот звук.
McLaren и Ferrari лансираа плаг-ин хибридни изведби на нивните најпродавани модели, но со оглед на лимитираната електрична автономија, тоа многу нема да помогне во намлување на Co2 емисиите.