Новитети
Ferrari го надгради Portofino со повеќе моќ и нова трансмисија
Она што посебно ќе ги израдува фановите е фактот што Portofino M добива ревидиран V8 мотор кој сега стигнува до 620 коњски сили, а вметната е и осум-степена трансмисија со двојна спојка како дериват од помоќниот SF90 Stradale
Првата целосно дигитална премиера во историјата на Ferrari беше реализирана за претставувањето на моделот Portofino M.
Се работи за еволуција и надградба на досегашниот Portofino, автомобилот кој е кабриолет, но како што велат од Ferrari и најдоброто купе меѓу кабриолетите поради тврдиот покрив кој го дава посакуваниот ефект.
Она што посебно ќе ги израдува фановите е фактот што Portofino M добива ревидиран V8 мотор кој сега стигнува до 620 коњски сили, а вметната е и осум-степена трансмисија со двојна спојка како дериват од помоќниот SF90 Stradale.
Со помош на новата трансмисија, Portofino M ќе понуди уште подобри перформанси и помала потрошувачка, додека Ferrari вметна и филтер за тврди честички за автомобилот без проблеми да ги исполнува 6D нормите.
Manettino контролерот за режим на возење доаѓа со пет опции, вклучувајќи ја и новата Race опција, а зголемен е и бројот на безбедносните системи кои му се достапни на возачот.
Дизајнерските промени се минимални и поврзани пред се со промени на браниците, издувниот систем и дифузерите, со што се добива потрендовски израз, кој има позитивно влијание и врз аеродинамиката.
Почетната цена за Ferrari Portofino M е нешто повеќе од 200.000 евра.