Вести
Ferrari го најави својот прв електричен автомобил
Моќниот автомобил кој располага со дури 1.000 коњски сили ја мина патеката за 1:11.03 минути, со што го собори рекордот кој претходно беше поставен зад воланот на Porsche 911 GT2 RS
Успесите и статусот меѓу купувачите му дозволуваат на Ferrari да го одложи процесот на посериозна електрификација, но италијанскиот производител ќе издржи без електричен автомобил само до 2025 година.
Брендот од Маранело потврдил дека токму за четири години ќе биде претставен првиот BEV модел, па иако не е специфициран сегментот, се очекува тоа да биде некој од класичните спортисти, а не SUV изведба.
– Продолжуваме дисциплинирано да ја реализираме нашата стратегија во однос на електрификацијата, а апликацијата и интерпретацијата на новите технологии ќе овозможи уживање на Ferrari моделите и за следните генерации.
– Исто така сме возбудени поради првиот електричен Ferrari за кого планираме да го претставиме во 2025 година и можете да бидете сигурни дека тој ќе биде се што посакувате од нашите дизајнери и инженери за еден ваков битен момент во нашата историја, – изјавил Џон Елкан, Извршниот директор на брендот во обраќањето до акционерите.
Елкан најавил три премиери годинава, а покрај две моќни V12 изведби на супер автомобилите на Ferrari, меѓу нив веројатно е и првиот SUV, кој ќе го носи името Purosangue.
Повеќе содржини за електрични автомобили: