Slide
Slide

Новитети

Ferrari го претстави Omologata, десеттиот V12 модел со еден примерок

Slide
Slide

За брендот од Маранело ова е 10-ти уникатен автомобил произведен во еден примерок, кој и во случајов користи V12 мотор, кој сигурно ќе ги исполни очекувањата на анонимниот купувач во однос на перформансите

25/09/2020

По две години подготовка, Ferrari денеска го претстави автомобилот кој го доби името Omologata, всушност е специјален модел базиран на 812 Superfast и предвиден за само еден купувач.

За брендот од Маранело ова е 10-ти уникатен автомобил произведен во еден примерок, кој и во случајов користи V12 мотор, кој сигурно ќе ги исполни очекувањата на анонимниот купувач во однос на перформансите.

Дизајнот на Omologata бил инспириран од моторспорт историјата на брендот, но и од модерната архитектура, а конкретниот изглед открива издолжена овална маска и голем спојлер на задниот дел.

Уникатниот примерок добил специјална Rosso Magma боја, а во ентериерот се поставени карактеристични сини седишта и метални детали на воланот и инструмент таблата.

Не само што, очекувано, Ferrari не ја соопшти цената на уникатниот Omologata, туку не ги наведе ниту официјалните технички карактеристики.

Моделот 812 Superfast на кој е базиран располага со 6.5-литарски V12 мотор со 800 коњски сили.

Slide 1
Slide
Slide
Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

MMA и MB.EA платформите ќе овозможат 10 kWh потрошувачка на 100 km за електричните модели на Mercedes
Renault ги зголеми на цените на моделите за 7%, а ги намали фиксните трошоци за 2 милијарди евра
Раст од 7% на продажбата на Citroën во 2021, и покрај кризата со недостиг на полупроводници
Porsche, независно од Audi и Bentley, развива електричен знаменосец со кодно име K1