Slide 1

Новитети

Ferrari го претстави својот втор плаг-ин хибрид, 296 GTB доаѓа со 819 кс

Slide 1

24/06/2021

Ferrari денеска го претстави новиот модел 296 GTB, кој ќе биде втор плаг-ин хибрид во понудата на брендот од Маранело и ќе располага со вкупно 819 коњски сили.

Италијанците првпат вградија V6 мотор уште од времето на Dino, а моќниот бензинец ќе биде комбиниран со електро-мотор со 122 kW, при што перформансите се претставени преку максималната брзина која надминува и 330 км/ч, како и забрзувањето 0-100 км/ч за 2,9 секунди.

Идентично како и кај помоќниот SF90 Stradale, автономијата на електричен погон кај 296 GTB е ограничена до 25 километри, а енергијата се складира на 7,45 kWh батерија.

Името на моделот е составено од зафатнината на моторот (2.996 cm3), како и наставката „гран туризмо берлинета“, а дизајнот е инспириран од легендарните автомобили на Ferrari и најмногу од 250 LM.

Покрај врвни перформанси, Ferrari најави сериозен напредок во однос на аеродинамиката кај 296 GTB, како и целосна дигитализација на кокпитот.

Повеќе содржини за хибриди:

Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

VW Taigo распознава пешаци и велосипедисти и автономно сопира при брзини до 210km/h
Кабриолет изведбата на Fiat 500 пристигна во салонот на Fiat во Скопје
Електрификацијата ќе предизвика намалување на бројот на вработени во автомобилските компании
Илон Маск ќе им овозможи на конкурентите да ја користат мрежата на брзи полначи на Tesla