Slide

Вести

Ferrari ја надмина границата од 10.000 продадени примероци, познат и европскиот бестселер

Slide

Вкупниот профит за минатата календарска година бил 1,29 милијарди евра или 33,7 проценти од вкупната заработка, бројка која е убедливо најдобра меѓу автомобилските производители

05/02/2020

Официјалните продажни и финансиски резултати на Ferrari откриваат дека 2019 година донела рекордна продажба за италијанскиот производител на луксузни спортски автомобили, кој испорачал 10.131 примерок на своите фанови во целиот свет.

Покрај тоа што продажбата е зголемена за 9,5 проценти, логично зголемена е заработката на Ferrari, која во целата 2019 година изнесувала 3,76 милијарди евра.

Најголем интерес во 2019 година имало од Кина, Хонг Конг и Тајван, но интересот во овој регион се намалил кон крајот на годината, а првиот човек Луис Камилери најави дека проблемите кои ги предизвика коронавирусот може да имаат влијание врз бројките за новата 2020 година.

Вкупниот профит за минатата календарска година бил 1,29 милијарди евра или 33,7 проценти од вкупната заработка, бројка која е убедливо најдобра меѓу автомобилските производители.

Една од причините за рекордните бројки е и фактот што Ferrari претстави пет нови автомобили во 2019 година, вклучувајќи ги и првиот плаг-ин хибрид SF90 Stradale и купето Roma чија продажба треба најмногу да се почувствува годинава.

Во Ferrari не стравуваат премногу од ризиците поради Кина и околните земји, бидејќи доколку таму се намали побарувачката, ќе можат побрзо да им ги достават примероците на купувачите во другите региони кои некогаш чекаат и цела година. За 2020 година Ferrari најави поголема заработка и истата треба да ја мине границата од 4 милијарди евра.

Иако производителот не понуди официјална статистика за продажбата на своите модели, она што е јасно е дека во Европа бестселер е серијата 488 со 1.437 продадени примероци, а потоа следуваат Portofino, 812 и GTC4.

Насмевките доминираат кај раководството на брендот, но и 2019 година не исполни една голема амбиција, а тоа е да се освои нова титула во Формула 1 шампионатот. Тоа е уште една важна задача за оваа година.

Slide
Slide

Најнови содржини

Mercedes ќе го намали бројот на дилерствата, во процесот на транзиција кон агенциски модел на продажба
Volkswagen започна да прима нарачки за електричниот ван ID. Buzz, првите испораки – на есен
Презентација на 10 електрифицирани модели од Opel и Peugeot – два од брендовите на Stellantis групацијата
Mercedes за електричната G-Class ќе користи нови батерии со силициумски, наместо графитни аноди