Slide
Slide

Вести

Ferrari ја подобрил европската продажба и во пандемиската 2020 година

Slide
Slide

19/02/2021

Престижните спортски автомобили на Ferrari се толку посакувани, што италијанскиот бренд во Европа успеа без негатива да ја преброди и тешката 2020 година, која беше одбележана со последиците кои ги предизвика пандемијата на коронавирусот.

За разлика од другите производители кои иако работеа профитабилно, мораа да се соочат со намалена продажба, Ferrari минатата година испорачал 4.196 автомобили во Европа, со што на годишно ниво ја зголемил продажбата за 8,65 проценти.

Статистиката се однесува само на 26 најважни европски пазари, а за споредба продажбата на Lamborghini и Tesla во истиот период опадна за 12 проценти, додека Aston Martin продаде за 39 проценти помалку примероци.

Единствен друг бренд кој има позитивен биланс во Европа бил MG, но се работи за производител кој претходно речиси и да не беше присутен на најголем број европски пазари.

Постојат повеќе причини за позитивните резултати на Ferrari, меѓу кои и фактот што богатството на европските милионери и милијардери е зголемено во екот на пандемијата, како и реалноста дека италијанскиот бренд однапред го распродава планираното производство и многу купувачи се на листата на чекање.

Позитивно влијание имала и промоцијата на двата нови модели SF90 Stradale и Roma.

Италијанците очекуваат уште подобра 2021 година, пред се и во другите региони, иако во Ferrari не можат да бидат незадоволни што минатата година имале намалување на продажбата од само 10 проценти на глобално ниво.

Повеќе содржини за спортски модели:

Slide 1
Slide
Slide
Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

MMA и MB.EA платформите ќе овозможат 10 kWh потрошувачка на 100 km за електричните модели на Mercedes
Renault ги зголеми на цените на моделите за 7%, а ги намали фиксните трошоци за 2 милијарди евра
Раст од 7% на продажбата на Citroën во 2021, и покрај кризата со недостиг на полупроводници
Porsche, независно од Audi и Bentley, развива електричен знаменосец со кодно име K1