Вести
Ferrari ќе понуди електричен модел кога ќе има технологија со која ќе ги помести стандардите
Ferrari со претставувањето на моделот Stradale SF90 го отвори процесот на електрификација, но и натаму останува на ставот дека нема да брза во однос на електрична изведба
Ferrari со претставувањето на моделот Stradale SF90 го отвори процесот на електрификација, но и натаму останува на ставот дека нема да брза во однос на електрична изведба.
Во интервју за британски „Аутокар“, маркетинг директорот Енрико Галиера уште еднаш го појаснил ставот на италијанскиот бренд за евентуалниот електричен супер спортист со логото на Ferrari.
– Факт е дека дел од конкурентите веќе влегуваат на пазарот со модели на електричен погон, но тоа дефинитивно не е проблем за Ferrari, поради нашата специфична гама и купувачи.
– Во моментот кога технологијата ќе дојде на ниво кое е потребно, ние ќе го понудиме нашиот прв електричен автомобил. Но, нема да направиме електрично Ferrari само колку да го имаме во понудата, ние мора да донесеме нова технологија, нешто ново на пазарот, нешто што ќе ги помести стандардите.
– Тоа е принципот на Ferrari во однос на технологијата, еволуцијата на нова технологија е дел од ДНК на брендт. А, ако веќе го правиме тоа, планираме да го направиме добро уште во првиот обид, – вели Галиера, кој дополнил дека не очекува електричен модел во гамата на Ferrari уште најмалку пет години.
Во меѓувреме фановите и оние кои можат да си дозволат Ferrari, на располагање ќе го имаат плаг-ин хибридот SF90 Stradale кој стана и најмоќниот модел во историјата на брендот.
Повеќе содржини за Ferrari