Slide 1
Slide 1

Новитети

Ferrari најави специјална серија на 812 Superfast со 830 кс

Slide 1
Slide 1

22/04/2021

Ferrari подготви нова специјална серија на жестокиот 812 Superfast, која официјално ќе дебитира на 5. мај, но сега е претставена со првите фотографии и дел од најважните детали.

Брендот од Маранело вели дека новата специјална серија ќе ги помести стандардите во однос на перформансите кои ќе ги испорача V12 моторот, претставувајќи ја истовремено ДНК на Ferrari, но и новите достигнување на инженерскиот тим кој испорачува најмоќен автомобил со овој агрегат.

Тоа поздрабира одредена ревизија на погонската единица, вклучувајќи го менаџментот на моторот и издувниот систем, а моќноста ќе стигне до 830 коњски сили, што е најмногу ако се исклучат електрифицираните модели.

Специјалната серија на 812 Superfast ќе си добие и карактеристични дизајнерски детали, со кои ќе се разликува од другите изведби, а карактеристична е алуминиумскиот панел поставен на местото на задното стакло.

Направени се посебни модификации на аеродинамиката и материјалите употребени за изработка на автомобилот, а Ferrari го потенцира и системот за независно управување со сите тркала за што подобра управливост и чувство зад волан.

Повеќе содржини за спортски автомобили:

Најнови содржини

Lexus го претстави новиот NX, првпат достапен и како плаг-ин хибрид
Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови