Вести

Ferrari нема да продава електричен автомобил уште долго време

Ferrari веќе го претстави плаг-ин хибридот SF 90 Stradale, a производителот на луксузни спортски автомобили сака до 2022 година 60 проценти од продажбата да биде од автомобили со хибриден погон

13/12/2019

Најголемиот дел автомобилски производители или веќе претставија или најавуваат електричен автомобил(и), но Ferrari е на друга фрекфенција и барем засега не планира да се вклучи во овој процес.

Извршниот директор, Луис Камилери потенцира дека технологијата поврзана со батериите се уште не е доволно развиена и затоа брендот од Маранело нема да брза во овој сегмент.

– Батериите се уште не се на позиција на која треба да бидат. И натаму постојат проблеми во однос на автономијата, брзината и полнењето. Ние ќе подготвиме електричен автомобил, но тоа сигурно нема да биде пред 2025 година, – открил Камилери.

Ferrari веќе го претстави плаг-ин хибридот SF 90 Stradale, a производителот на луксузни спортски автомобили сака до 2022 година 60 проценти од продажбата да биде од автомобили со хибриден погон.

– Ги разгледуваме сите алтернативни погони и следиме што би можело да биде најдобра опција за иднината. Истовремено Ferrari завршува рекордна година во однос на бројките и профитот, па во компанијата има многу насмеани лица, – истакнал Камилери пред присутните новинари во Маранело.

Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider