Вести
Ferrari реши да го заврши производството на GTC4Lusso
GTC4Lusso беше комерцијализиран во 2016 година, а покрај перформансите, на своите сопственици им обезбедуваше и поголем багажен простор, дополнителни седишта и погон на четири тркала
Изминатиот период светските специјализирани медиуми пренесуваа различни информации за судбината на моделот GTC4Lusso, а Ferrari конечно потврди дека официјалната одлука е да стави крај на производството на овој модел.
Автомобилот кој се издвојуваше во гамата на италијанскиот бренд поради практичноста за секојдневна употреба го завршил својот предодреден циклус и Ferrari ќе ја реализира стратегијата најавена уште во 2017 година.
GTC4Lusso беше комерцијализиран во 2016 година, а покрај перформансите, на своите сопственици им обезбедуваше и поголем багажен простор, дополнителни седишта и погон на четири тркала.
Автомобилот со „шутинг-брејк“ силуета располагаше со V12 мотор со 681 коњска сила, а во меѓувреме беше претставена и GTC4Lusso Т изведбата со V8 мотор, 602 коњски сили и погон на задните тркала.