Slide

Вести

Ferrari веројатно никогаш нема да се префрли целосно на електрични модели

Slide

Брендот од Маранело веќе го претстави првиот плаг-ин хибрид, односно моделот SF90 Stradale, но актуелниот CEO Луис Камилиери вели дека Ferrari веројатно никогаш нема да биде производител со гама која вклучува исклучиво електрични модели

06/11/2020

Електрификацијата е реален процес во автомобилската индустрија и во него, помалку или повеќе, се вклучени сите производители.

Ако треба да се издвои најконзервативниот претставник во ова друштво, тогаш тоа е веројатно Ferrari.

Брендот од Маранело веќе го претстави првиот плаг-ин хибрид, односно моделот SF90 Stradale, но актуелниот CEO Луис Камилиери вели дека Ferrari веројатно никогаш нема да биде производител со гама која вклучува исклучиво електрични модели.

– Иако цената на батериите ќе биде сериозно намалена, целосното префрлување на електрични автомобили е малку проблематичен потег.

– Навистина не го гледам Ferrari како производител со 100 проценти понуда на електрични модели, а мислам дека во мојот живот тоа нема да стигне ниту до 50 проценти, – вели Камилиери.

Како што пренесуваат европските медиуми, Камилиери индиректно посочил дека звукот на автомобилите е еден од најважните елементи кои ги привлекуваат купувачите на Ferrari, па тоа е и важен фактор поради кој италијанскиот производител нема да се откаже од своите моќни бензински мотори.

Позицијата нa Ferrari можеби за некого е нереална, но ако се знае дека во досегашниот дел на проблематичната 2020 година, брендот има намален финансиски обрт од само 3 проценти во однос на 2019 година, јасно е дека раководството нема посебна причина да го менува ставот.

Slide
Slide

Најнови содржини

Mercedes ќе го намали бројот на дилерствата, во процесот на транзиција кон агенциски модел на продажба
Volkswagen започна да прима нарачки за електричниот ван ID. Buzz, првите испораки – на есен
Презентација на 10 електрифицирани модели од Opel и Peugeot – два од брендовите на Stellantis групацијата
Mercedes за електричната G-Class ќе користи нови батерии со силициумски, наместо графитни аноди