Вести
Ferrari втора година по ред е најмоќен бренд во светот
Рангирањето на „Brand Finance Global 500“ втора година по ред го постави Ferrari во позиција на најмоќен светски бренд.
Италијанскиот производител на луксузни спортски автомобили стигна до индекс 94,1 од максимални 100 на ранкингот за 2020 година, но и тоа е доволно за задржување на првото место каде се најде и во 2019 година.
Ferrari зад себе остави брендови како Disney, Coca Cola, Rolex, PWC, a остана и единствен автомобилски бренд со највисока AAA+ оценка. Вредноста на производителот од Маранело за една година е зголемена за 7 милијарди долари, што е раст за 9 проценти, а ваквиот тренд се очекува и годинава бидејќи Ferrari најави зголемена ексклузивност на своите лиценцирани производи намалувајќи го нивниот број.
На ранкингот највредни брендови во светот, Ferrari е на 206 место од 500 рангирани компании, што значи подобрување на пласманот за 14 позиции во однос на минатата година. Тука лидер е Amazon, пред Google и Apple.