Slider

Стории

Ferrari заработува 86.369 евра по примерок, Tesla губи пари за секој продаден автомобил

Slider

14/04/2020

Продажните статистики на годишно ниво обично доцнат на стартот на следната календарска година, но затоа исцрпните информации овозможуваат и интересни анализи од повеќе аспекти.

Ако се остават на страна продажните бројки за кои по групација и немаше многу драстични промени во 2019 година, интересен е профитот кој го обезбедуваат автомобилските производители.

Таквата последна анализа покажа дека со 10.131 продаден автомобил во 2019 година, Ferrari е вистински лидер според профитот кој го обезбедува од секој автомобил. Поточно, 23,2% од финансискиот обрт за Ferrari e е профит или просечно од секој продаден примерок, италијанскиот бренд заработува по 86.369 евра, пресметаа експертите.

Како споредба, BMW Group треба да продаде 30 автомобили за да стигне до профит еднаков на еден примерок на Ferrari, a другите групации се уште полошо позиционирани во оваа споредба. На дното е Nissan кој за да дојде до истиот профит треба да продаде дури 926 автомобили.

Вреди да се спомене и примерот на Tesla, откако во 2019 година Американците продадоа за себе рекорден број автомобили (367.656), но забележаа оперативна загуба од 61,6 милиони евра. Тоа значи дека за секој продаден примерок, Tesla во 2019 година губела по 168 евра.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider