Slider

Вести

Fiat 500 е избор број еден на Британците кои ја искористиле опцијата за достава на домашна адреса

Slider

Ревизијата на остварените продажни резултати покажале дека британските купувачи и тоа на територијата на Англија, Шкотска и Велс најчесто се одлучувале за Fiat 500, моделот кој имал убедлива предност во однос на ривалите

11/06/2020

Малите автомобили се покажале како најбарани за време на карантинот на британска територија, открива компанијата „Моторпоинт“ која во процесот на продажба на автомобили додаде испорака на домашна адреса.

Ревизијата на остварените продажни резултати покажале дека британските купувачи и тоа на територијата на Англија, Шкотска и Велс најчесто се одлучувале за Fiat 500, моделот кој имал убедлива предност во однос на ривалите.

Не само што Fiat 500 бил број еден според продажбата со испорака на домашна адреса, туку од „Моторпоинт“ потенцираат дека во Топ 10 на најпродаваните модели доминираат токму членовите на А и Б сегментот.

– Интересно е дека трите најпопуларни модели за домашна испорака беа мали автомобили, а ова е тренд кој покажува како купувачите ги комбинираат потребите од автомобил со новиот начин на извршување на работните задачи поради КОВИД-19, – вели Марк Карпентер од „Моторпоинт“.

– Нашата продажба со испорака на домашна адреса се покажа како екстра популарна откако започна периодот на ограничување на движењето. Не само што купувачите можат да го изберат терминот кога автомобилот ќе им биде доставен, туку добиваат и дополнителна мотивација за ваков начин на купување поради нашиот рок од 14 дена во кој можат да го вратат автомобилот доколку не се задоволни, – нагласува Карпентер.

Инаку, „Моторпоинт“ продава користени автомобили од 30 марки, кои не се постари од три години и најчесто имаат мала помината километража, а на купувачите им обезбедуваат и специјални поволности во овој карантински период.

Меѓу нив се купување автомобил без контакт со продавачот, па дури и тестирање на одреден модел без контакт со претставник на компанијата.

Топ 10 најпродавани автомобили со испорака на домашна адреса
1. Fiat 500
2. Ford Fiesta
3. Vauxhall Corsa
4. BMW 1 Series
5. Nissan Juke
6. BMW 3 Series
7. Nissan Qashqai
8. Hyundai i10
9. Renault Captur
10. Ford Focus

Повеќе содржини за мали автомобили

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider