Slide

Новитети

Fiat 500 Hybrid: Италијанскиот заводник во „еколо-шик“ издание

Slide

12/03/2020

Легендарни модели како Fiat 500 постојано ја надградуваат базата на нови фанови, освојувајќи ги возачите со урбаниот и економичен рецепт, совршено вклопувајќи се во ретро-трендовската комбинација на дизајнот на екстериерот и ентериерот.

Автомобилот е присутен со децении, но неговата современа интерпретација постојано еволуира без поголема помпа. Ова поради фактот што купувачите му веруваат на Fiat 500, тој постојано е на висина на задачата, а производителот овозможува безбеден, технолошки напреден автомобил со потрошувачка која никогаш нема да биде голем товар за личниот буџет.

Неодамна, Fiat ја претстави електричната изведба која подразбира целосно нова платформа, но Италијанците не заборавија да потенцираат дека бензинските изведби остануваат актуелни бидејќи интересот за нив нема да спласне уште долго.

Тоа го покажува и фактот дека Fiat 500 е меѓу најпродаваните модели во Италија, останува број еден во својот сегмент на германскиот пазар, а во јануари е меѓу 25 најпродавани автомобили и во цела Европа.

Затоа и не изненадува фактот што производителот дополнително го унапреди Fiat 500, вметнувајќи ја Hybrid изведбата, која веќе им е достапна на купувачите и располага со повисок степен на еко-френдли мал автомобил.

Потрошувачката е намалена за околу 20 проценти, автоматски тоа значи и помала Co2 емисија за Fiat 500 Hybrid, а оваа изведба подразбира 12-волтен стартер/генератор кој му помага на класичниот 1.0-литарски бензински мотор со 70 коњски сили.

Специјално адаптираната погонска единица ги користи придобивките од енергијата од батеријата (која се складира при сопирање и намалување на брзината) во старт/стоп ситуациите, но истиот може да го замени моторот и на брзини под 30 км/ч, ситуација во која моторот привремено се деактивира со едноставно префрлување во неутрален степен на пренос.

Hybrid изведбата Fiat 500 добива и специјално адаптирана 6-степена мануелна трансмисија, а изведбата со овој Mild Hybrid погон профитира и од малата тежина на моторот, која изнесува само 77 килограми, како и од компресијата (12:1) која носи поголема термичка ефикасност.

За да биде поатрактивен, Fiat 500 Hybrid е достапен и во Launch Edition изведба која подразбира специјално подготвен пакет со многу опрема и специфични елементи кои ќе го истакнат автентичниот концепт на италијанскиот бренд. Сите Fiat 500 примероци со mild hybrid погон ќе ја носат и ознаката Hybrid, со карактеристична прва буква во чиј дизајн се вметнати и две капки.

Економичниот и еко-френдли Fiat 500/500C Hybrid е достапен и за македонските купувачи, со почетна цена од 12.800 евра.

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба