Slide

Стории

Fiat 500 Hybrid задржува најголема вредност по четири години користење

Slide

10/02/2021

Германски „Фокус“ и годинава ги објави пресметките на експертите на „Bahr & Fess“, кои традиционално ја откриваат очекуваната повратна вредност на новите автомобили по четири години користење.

Во првиот годинешен ранкинг е објавено каква ќе биде вредноста на автомобилите ако нивните сопственици решат да ги продадат по четири години, при што логично моделите со највисок процент и добиваат најмногу комплименти за овој важен аспект.

Во најдостапниот А сегмент, највисока повратна вредност одржува Fiat 500 и тоа во изведбата 500 1.0 Hybrid, што значи дека популарното „чинквино“ во издание на благ хибрид ќе сочува најмногу од инвестираните пари по четири години или просечно 15.000 километри годишно.

Експертите пресметале дека во 2025 година, Fiat 500 1.0 Hybrid ќе задржи 53 проценти од својата првична вредност, а зад себе ги остави Hyundai i10 1.0 со 50,5% и Volkswagen Up! 1.0 кој по четири години ќе задржи точно половина од својата иницијална вредност.

Во однос на конкретната сума на пари кои се потрошени при купувањето, во ранкингот на „Bahr & Fess“ на првото место се најде Citroën C1 72 VTi, кој по четири години ќе има загубена вредност во износ од 4.995 евра.

Повеќе содржини за мали автомобили:

Slide
Slide

Најнови содржини

BMW ja претстави осмата генрерација на 5 Series, заедно со комплетно електрична изведба именувана како i5
Малиот електричен SUV, EX30, ќе има систем за заштита од странична колизија со велосипедисти
Малото електрично возило на Cupra ќе се вика Raval и ќе биде лансирано во 2025 година
Директорот на Opel најавува ефикасна транзиција кон комплетна електрификација до 2028 година