Новитети
Fiat ценовно го позиционира моделот Topolino над сестринските модели на Opel и Citroën
Сепак, Topolino се нуди со повисоко ниво на опрема споредено со Citroën Ami, чија почетна цена во Италија е 7,990 евра. Opel Rocks-e не се продава во Италија.
Со почетна цена од нешто под 11,000 евра, електричниот четирицикл Topolino e позициониран повисоко споредено со сестринските ривали, а италијанскиот производител во рамки на Stellantis групацијата подготви и специјална серија именувана како Dolcevita.
Четирициклот е варијанта на останатите два вакви модели кои го носат знакот на Opel и Citroën, кои исто така се произведуваат во фабриката на Stellantis во Мароко.
Сепак, Topolino се нуди со повисоко ниво на опрема споредено со Citroën Ami, чија почетна цена во Италија е 7,990 евра. Opel Rocks-e не се продава во Италија.
Неодамна во Италија и Франција започнаа да се примаат резервации за Topolino, а првите испораки се очекува да бидат реализирани кон крајот на годината.
Topolino е прекар кој го носеше првата генерација на легендарниот Fiat 500 кој се произведуваше пред и по Втората светска војна.
Topolino е електричен модел кој спаѓа во класата на четирицикли. Ваквите модели имаат максимална дозволена брзина од 45 километри на час, а во голем број на земји може да ги управуваат и лица на возраст од 14 години, со дозвола за управување на мотоцикл. Topolino има 48-волтна електрична технологија, со едно полнење на батеријата кое трае околу четири часа може да се поминат до 75 километри.