Вести

Fiat-Chrysler ќе произведува милион маски месечно за американското здравство

Во ситуација кога фабриките во Европа и САД се затворени поради коронавирусот, FCA реши да помогне во борбата со пандемијата и на месечно ниво ќе произведува по еден милион заштитни маски

25/03/2020

Групацијата Fiat-Chrysler започнува со најавената активност за производство за заштитни маски, а првиот човек Мајк Манли ги информирал своите вработени дека оваа операција ќе се одвива во преадаптирана фабрика во Кина.

Во ситуација кога фабриките во Европа и САД се затворени поради коронавирусот, FCA реши да помогне во борбата со пандемијата и на месечно ниво ќе произведува по еден милион заштитни маски.

Првично тие ќе бидат наменети за американскиот здравствен систем и дел од крајните потрошувачи, а адаптирањето на дел од фабриката е процес кој ќе трае до следната недела, по што ќе стартува производството на маски.

Голем број производители најавија дека ќе се вклучат во ваквото производство за да помогнат во борбата против коронавирусот, посебно кога на глобално ниво има дефицит на заштитни маски.

Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider