Slider

Вести

Fiat Ducato стана најпродавано комерцијално возило во Европа

Slider

18/02/2021

Комерцијалните возила на Fiat постојано бележат одличен пазарен удел на европскиот пазар, а во 2020 година претставник на Fiat Professional бил и европски бестселер во сите сегменти.

Се работи за моделот Ducato, кој годинава прославува 40 години откако е првпат лансиран од италијанскиот бренд, а во јубилејната година доби и одлична роденденска честитка со податокот објавен од „Dataforce“.

Статистиката вели дека минатата година биле испорачани над 150.000 нови примероци на Ducato, што значи пазарен удел од 20,5 проценти, како и зголемена продажба од 7,6% во годината во која целиот сектор беше соочен со намалени бројки.

Лојалноста кон Fiat Ducato не е изненадување со оглед на функционалноста, економичните мотори и можностите за конверзии кои ги нуди овој модел, а се продава во над 80 земји низ светот.

Покрај тоа што е лидер во својот сегмент од 2014 година, а сега и европски број еден во рамките на сите сегменти, Ducato ја зголеми популарноста и кај купувачите на рекреативни возила бидејќи важи за најдобра инвестиција како основа за моторхоум и друг тип на возила.

Над 500.000 европски купувачи го користат Ducato како основа за рекреативно возило, а минатата година интересот за овој тип транспортери беше зголемена под влијание на специфичната ситуација која ја предизвика пандемијата.

Fiat Professional e подготвен и за иднината, па на купувачите ќе им биде достапна електрична изведба на Ducato, која задржувајќи ја функционалноста и препознатливите квалитети, добива елеткричен погон со автономија меѓу 230 и 360 километри со едно полнење.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider