Slider

Новитети

Fiat го освежи семејството 500 за 2021 година

Slider

08/01/2021

Fiat продолжува со освежувањето на својата моделска понуда, па откако во 2020 година беа претставени новиот, електричен Fiat 500, како и освежените Tipo и Panda, сега на ред се преостанатите членови на гамата со ознака 500.

Класичниот Fiat 500 кој и натаму останува сериозно актуелен и посакуван од купувачите, добива нови квалитети, кои само ќе ја надополнат побарувачката која ја наметна и Hybrid изведбата претставена минатата година.

Тоа важи и за кросоверот 500X, кој повторно ја заврши годината како најпродаван модел во својот сегмент во Италија и е еден од најуспешните модели на европско ниво, како и моноволуменот 500L, кој го задржува вниманието поради функционалните квалитети и практичноста кои му даваат специфична предност во однос на попопуларните кросовер/SUV ривали.

Fiat реши да направи одредени промени во однос на нивоата на опременост, a тоа подразбира вкупно пет нивоа кај сите три модели, од кои Cult, Connect и Sport се заеднички за сите.

Fiat 500L Connect доаѓа со 7-инчен централен екран и 16-инчни тркала

На местото на досега најдостапните Pop и Lounge нивоа, односно специјалните Launch, Rockstar и Star пакети, во иднина понудата ќе започнува со Cult, a на купувачите ќе им бидат понудени и Connect, Dolcevita (за Fiat 500), Cross (за Fiat 500X и 500L) и Sport варијациите.

Автентичниот Fiat 500 во Sport нивото на опременост вклучува 7-инчна дигитална инструмент табла, автоматски клима-уред, 16-инчни алу тркала и други интересни додатоци заокружени со Sport ознаки

Секоја од овие нивоа на опременост носи посебен квалитет и изразен дел од карактерот кој ќе одговара на преферираните елементи од страна на купувачот, а тој може да очекува повеќе опрема за инвестираните средства, како и поголем избор на дополнителна опрема.

Fiat 500X Cross го истакнува авантуристичкиот дух на кросоверот со истакната робустност и 19-инчни тркала

Fiat 500, 500X и 500L ќе бидат понудени со погонски единици кои се веќе докажани, а со последната ревизија ја исполнуваат последната 6D норма.

Повеќе содржини за Fiat:

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider