Slider

Новитети

Fiat го освежи Tipo, додаде и кросоверска Tipo Cross изведба

Slider

Популарноста на кросоверите во случајов доаѓа во комбинација со одлично прифатената понуда на Tipo во досегашните три изведби, па поголемиот избор истовремено ќе значи и посоодветно обраќање до помладите купувачи

26/10/2020

Fiat ги објави сите детали за освежувањето на актуелната генерација на Tipo, a најважниот новитет е додавањето на кросоверска Tipo Cross изведба.

Популарноста на кросоверите во случајов доаѓа во комбинација со одлично прифатената понуда на Tipo во досегашните три изведби, па поголемиот избор истовремено ќе значи и посоодветно обраќање до помладите купувачи.

Tipo Cross е 7 сантиметри повисок во однос на класичниот Tipo, a со својата силуета, елементи на екстериерот, поголеми тркала и зголемен клиренс за 4 сантиметри, ќе се издвојува како најробустен претставник на семејството.

Новиот Tipo Cross ќе биде важен адут во продолжување на успешниот од на моделот, кој од 2016 година е продаден во над 670.000 примероци.

Хечбек, седан и комби изведба на Tipo од друга страна добиваат соодветно дизајнерско освежување, вклучувајќи го редизајнираното лого на Fiat, како и промените на браниците и светлата.

Fiat реши да го направи Tipo поимпресивен и во кокпитот, па така возачот пред себе добива 7-инчна дигитална инструмент табла, а тука е и опцијата за 10,25-инчен централен екран со Uconnect 5 технологија, која дебитираше кај електричниот и најнов Fiat 500.

Тоа подразбира и комуникација со Apple CarPlay и Android Auto, можност за Bluetooth поврзување на два телефона одеднаш, а патниците на задната клупа добиваат USB приклучок.

Сите Tipo изведби ќе бидат достапни со нов 1.0-литарски бензински мотор со три цилиндри, кој ќе го замени досегашниот 1.4-литарски агрегат со 95 кс и располага со 100 коњски сили и вртежен момент од 190 Nm.

Дизел понудата ќе биде претставувана од 1.6-литарскиот Multijet мотор, со моќност од 95 или 130 коњски сили.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider