Slider

Новитети

Fiat ја освежи Panda за нејзиниот 40. роденден

Slider

Фактот дека годинава италијанскиот бренд прославува 40 години од премиерата на Panda e доволна потврда за успешната мисија на автомобилот, а во рамките на јубилејот е претставено и освежено издание на актуелната генерација

21/10/2020

Fiat Panda е автомобил кој низ годините покажа дека се работи за добро осмислен концепт, чија универзалност и практичност овозможи еволутивен процес во кој моделот без проблеми се носеше со конкуренцијата.

Фактот дека годинава италијанскиот бренд прославува 40 години од премиерата на Panda e доволна потврда за успешната мисија на автомобилот, а во рамките на јубилејот е претставено и освежено издание на актуелната генерација.

Секако, дизајнерите не менуваа многу детали на екстериерот, кој само добива на свежина, но Fiat првпат вметнува 7-инчен екран осетлив на допир на централната конзола на Panda. Toa подразбира и посакувано ниво на конективност, со можност за поврзување преку Android Auto и Apple CarPlay.

Оваа промена дополнително го модернизира урбаниот автомобил, кој и натаму е уникатен и поради фактот што овозможува изведба со погон на четири тркала, но и поради големиот избор на погонски единици, вклучувајќи ги тие на метан и природен гас кои се многу популарни во Италија.

Освежувањето носи поголем избор на материјали и бои во сите изведби, а Panda ќе биде достапна и како Panda Sport, која треба да ги привлече помладите купувачи со двобојните 16-инчни алуминиумски тркала и други детали во ентериерот, а достапен ќе биде и пакетот Pandemonio кој е инспириран од богатата традиција на моделот.

Достапноста на Panda како благ хибрид со 70 коњски сили овозможи голем број од новите купувачи да се одлучат за оваа опција, која овозможува поголема економичност и помала Co2 емисија, но и подобрување на возните карактеристики при ниски вртежи.

Оваа погонска единица ќе биде достапна за сите изведби на освежената Panda, а тоа ќе биде доволно за моделот да остане бестселер на Fiat и пред се доминантен избор на домашниот италијански пазар.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider