Slider

Вести

Fiat ќе го задржи името Panda, новата генерација со премиера следната година

Slider

Автомобилот кој одлично се носи со поновите ривали и се уште е италијански бестселер, ќе добие современа техника и технологија, но ќе остане и најдостапен модел на Fiat

22/05/2020

Претставувањето на електричниот Fiat 500 e само една етапа од сериозната инвестиција која FCA ја прави во италијанскиот бренд, а сега фокусот е префрлен на наследникот на Panda.

Автомобилот кој одлично се носи со поновите ривали и се уште е италијански бестселер, ќе добие современа техника и технологија, но ќе остане и најдостапен модел на Fiat.

Ова го откри Оливие Франсоа, првиот човек на Fiat за британски „Ауто Експрес“, потенцирајќи дека Panda ќе биде на другата страна од понудата во споредба со премиум понудата за 500e.

– Panda има своја иднина како име на модел, затоа и го претставивме новиот, електричен 500 како кабриолет, многу опремен и со многу опции со кои цената достигнува до 30.000 евра. Затоа што денот кога ќе ја претставувам новата Panda, ќе го направам спротивното, ќе го претставиме најосновниот модел со неверојатна цена, – истакнал Франсоа.

– Дефинитивно инсистирам на иднина за Panda, затоа што мислам дека тоа е една од работите што го прават Fiat уникатен. Fiat не би бил целосен ако ги нема Panda и 500 во понудата, – дополнува Франсоа.

Предводникот на Fiat не ја исклучува можноста Panda да биде првиот модел на италијанскиот бренд кој ќе користи платформа на PSA, со оглед на најавеното спојување на двете компании, а признава дека при комплетирањето на концептот Centoventi, инспирација бил уникатниот Citroen C4 Cactus.

Премиерата на новата Panda веројатно ќе се случи до крајот на следната година, а првите примероци ќе пристигнат во продажните салони на почетокот на 2022 година.

Повеќе содржини за Fiat

Slider
Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider