Slide

Вести

Fiat ќе лансира нов модел под името Topolino, сестрински модел на електричниот четирицикл Citroën Ami

Slide

Citroën пред точно две години го лансираше моделот Ami во Франција, а 6 месеци подоцна започна да се продава и во Италија.

08/04/2022

Уште една изведба на Citroën Ami и Opel Rocks-E со логото на Fiat ќе го врати на сцената името Topolino. Можно е да се произведува и кабриолет изведба.

Fiat планира следната година да лансира своја изведба на моделот Citroën Ami, електричниот четирицикл кој беше лансиран во 2020 година.

Засега не е донесена одлкуа дали ќе се произведува варијанта со отворен кров. Ваква изведба во моментов не е присутна ниту кај Ami, ни кај Opel Rocks-e.

Моделот на Fiat ќе го повторно ќе го “оживее” името Topolino во контекст на италијанската автомобилска индустрија.

Имено, името Topolino на Италијански се користи за именување на дизниевиот јунак “Мики Маус”. Тој прекар го доби оригиналниот Fiat 500, кој беше лансиран во 1936 година, со што започна нова ера во која работничката класа можеше да поседува автомобил, слично како во случајот со Volkswagen Beetle во Германија.

Неодамна, прототип од Fiat изведбата на Citroën Ami била презентирана на дел од италијанските дилери. 

Citroën пред точно две години го лансираше моделот Ami во Франција, а 6 месеци подоцна започна да се продава и во Италија. Во 2020 беа регистрирани 2,719 вакви возила, најголем дел од нив во Франција. Минатата година продажбата беше проширена и во Шпанија, Белгија и Португалија, а бројот на регистрации порасна на 9,183 возила.

Годинава Citroën планира да произведе околу 15,000 возила од моделот Ami, со оглед на фактот што моделот започна да се продава и во други пазари, вклучувајќи ги Велика Британија, Германија, како и Мароко, земјата каде се произведува.

Opel ја лансираше својата верзија од Ami, под името “Rocks-e” кон крајот на минатата година. И тој, како и Citroën Ami се нуди како патничка и карго/ван изведба. Продажните проекции на Opel за овој четирицикл се 5,000 возила.

Фабриката на Stellantis во Мароко се очекува годинава да го зголеми производството на 20,000 возила, додека, по вклучувањето на Fiat Topolino, годишното производство би пораснало на 35,000 до 40,000 возила.

Моделите Ami и Rocks-e се класифицирани како четирицикли, поради нивната големина, ниска максимална брзина, па во одредени европски земји може да ги управуваат и деца на возраст помеѓу 14 и 16 години.

Slide
Slide

Најнови содржини

Mercedes ќе го намали бројот на дилерствата, во процесот на транзиција кон агенциски модел на продажба
Volkswagen започна да прима нарачки за електричниот ван ID. Buzz, првите испораки – на есен
Презентација на 10 електрифицирани модели од Opel и Peugeot – два од брендовите на Stellantis групацијата
Mercedes за електричната G-Class ќе користи нови батерии со силициумски, наместо графитни аноди