Slider

Вести

Fiat може да ги спои 500X и 500L во еден електричен модел

Slider

Во изјава за „Ауто Ескпрес“, Оливие Франсоа, како прв човек на Fiat најави можно спојување на двата споменати модела во еден кој би бил успешна конверзија на SUV со квалитети на моноволумен и би ја добил платформата која ја користи електричниот 500

26/05/2020

Актуелната понуда на Fiat подразбира еден SUV модел, односно 500X, кој постигнува солидни резултати во Европа, како и моноволумен кој е познат како 500L.

За разлика од SUV роднината, 500L последниве години се движи во надолна линија кога е во прашање продажбата, што и не е изненадување ако се знаат актуелните трендови и фактот дека најголем број производители се откажуваат од моноволумените во својата понуда.

Во изјава за „Ауто Ескпрес“, Оливие Франсоа, како прв човек на Fiat најави можно спојување на двата споменати модела во еден кој би бил успешна конверзија на SUV со квалитети на моноволумен и би ја добил платформата која ја користи електричниот 500.

– 500L има соодветна градба и височина на која може да се додаде батерија. Фамилијарен транспортер е добра опција за електрификација, но сепак е моноволумен, а знаеме дека тие не се во мода во моментов.

– Мора да размислуваме за следната генерација со изглед кој ќе ги привлече купувачите, можеби микс на 500L и 500X, но тоа нема да се случи веднаш, барем не до крајот на годинава, – вели Франсоа.

Пред да биде направен овој потег и двата модела ќе добијат конфигурација на благ хибрид со 48V технологија во понудата, а се очекува и поголем SUV кој ќе биде наменет за оние кои сакаат повеќе простор, па и седум седишта.

Повеќе содржини за Fiat

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider