Slide 1
Slide 1

Вести

Fiat најави дека ќе има само електрична понуда од 2030 година

Slide 1
Slide 1

04/06/2021

Новата генерација на Fiat 500 е составена само од електрична изведба, со што италијанскиот бренд уште одамна најави дека има зацртан план во однос на целосната електрификација на своето портфолио.

Денеска, актуелниот CEO на Fiat, Оливие Франсоа најави дека од 2030 година, целата понуда на Fiat ќе биде составена само од електрични автомобили.

– Меѓу 2025 и 2030 година, нашата понуда постепено ќе станува исклучиво електрична. Ова ќе биде радикална промена за Fiat.

– Наша должност е што побргу да понудиме електрични автомобили кои нема да чинат повеќе од тие со класичен погон, следејќи го намалувањето на трошоците за батериите, – најави денеска Франсоа.

Дел од европските држави најавија забрана за продажба на автомобили со мотори со внатрешно согорување од 2030 година, но Fiat најавува дека електричната понуда ќе се однесува на сите пазари, без разлика дали на некој од нив ќе постои можност и за класична понуда.

Следен модел кој ќе биде претставен како електрична изведба е новата генерација на Panda, која веројатно ќе ја добие платформата на PSA, која веќе се користи кај неколку електрични автомобили.

Како дел од стратегијата со која италијанскиот производител ќе влијае позитивно на заштитата на животната средина, поранешната тест патека во фабриката Лингото ќе биде претворена во градина со засадување на 28.000 растенија.

Повеќе содржини за Fiat:

Најнови содржини

Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови
Kia Motors Macedonia ја започнува „смелата трансформација“