Skip to content

Стории

Fiat останува најпродаван бренд во Италија, Jeep Compass најпопуларен меѓу дизелите

Fiat е број еден и меѓу брендовите откако во 2019 година продал 285.888 автомобили, а да ја одржи доминацијата посебно негативно не влијаеше и фактот што има намалена продажба за 11,5 проценти во однос на претходната година

06/01/2020

Терминот стагнација најдобро одговара на случувањата на автомобилскиот пазар во Италија во 2019 година, откако бројките покажуваат минимален раст од 0,3% во однос на претходната календарска година.

Италијанците речиси не го променија темпото на купување нов автомобил во годината која останува зад нас, а тоа важи и за бестселерот Fiat Panda, кој е најчест избор во продадени 1.916.310 нови автомобили.

„Малиот генијалец“ доминира на домашна територија и ја задржа популарноста меѓу индивидуалните и компаниските купувачи, кои најчесто се одлучуваа токму за некоја од изведбите на практичната и економична Panda.

Во 2019 година, продадени се точно 138.132 примероци на Panda, со што овој модел има голема предност во однос на автомобилите кои го следат. Зад него се Lancia Ypsilon со 58.759 примероци, односно Dacia Duster кој стигна до третото место со 43.701 продаден примерок.

Fiat 500X e четврти, Renault Clio загуби три позиции и ја заврши 2019 година на петтото место, а првпат во Топ 10 се појавуваат Volkswagen T-Roc на осмото место (39.600) и Jeep Compass со кого се заокружува Топ 10 друштвото (35.568).

Fiat е број еден и меѓу брендовите откако во 2019 година продал 285.888 автомобили, а да ја одржи доминацијата посебно негативно не влијаеше и фактот што има намалена продажба за 11,5 проценти во однос на претходната година.

Најголем раст забележа Volkswagen, кој со раст од 8,5 проценти стигна до второто место со продадени 176.813 примероци.

Најпродаван 4×4 модел е Jeep Compass, меѓу комби изведбите води Fiat Tipo (10.311) пред Škoda Octavia и Peugeot 308, а најпродаван електричен модел во 2019 бил Smart fortwo со 2.359 примероци. Кај хибридите очекувано доминира Toyota, води Yaris (24.083), пред C-HR (15.520) и RAV4 (10.231).

Побарувачката за дизел изведбите е намалена за 22,2 проценти, па во 2019 година тие стигнаа до 40% од пазарниот удел, бензинците имаат 44,3%, самополнечките и плаг-ин хибридите стигнаа до 6%, а електричните автомобили освоиле само 0,5% од купувачите.

Во нашата галерија погледнете и кои модели се најпродавани меѓу бензинските и дизел изведбите.

Топ 10 модели
Топ 10 модели
Топ 10 модели
Fiat Panda е бестселер (138.132), а следуваат Lancia Ypsilon, Dacia Duster, Fiat 500X, Renault Clio, Jeep Renagade, Citroen C3, VW T-Roc, Toyota Yaris и Jeep Compass

Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот
Топ 10 бензинци
Топ 10 бензинци
Топ 10 бензинци
Panda води и овде (110.187), пред Lancia Ypsilon (38.995), Citroen C3 (30.422), Fiat 500, Smart fortwo, VW Polo, Peugeot 208, Ford EcoSport, VW T-Roc и Ford Fiesta
Panda води и овде (110.187), пред Lancia Ypsilon (38.995), Citroen C3 (30.422), Fiat 500, Smart fortwo, VW Polo, Peugeot 208, Ford EcoSport, VW T-Roc и Ford Fiesta
Panda води и овде (110.187), пред Lancia Ypsilon (38.995), Citroen C3 (30.422), Fiat 500, Smart fortwo, VW Polo, Peugeot 208, Ford EcoSport, VW T-Roc и Ford Fiesta
Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот
Топ 10 дизел
Топ 10 дизел
Топ 10 дизел
Compass (30.386) има најпродавани дизел изведби, пред Jeep Renegade, Fiat 500X, Peugeot 3008, Nissan Qashqai, VW Tiguan, Renault Clio, VW T-Roc, Fiat 500L и Fiat Tipo

Топ 10 кросовери
Топ 10 кросовери
Топ 10 кросовери
Fiat 500X (42.013) е број еден меѓу примероците без 4x4 погон. Следат Duster, T-Roc, Renegade, Captur, EcoSport, 3008, Qashqai, Compass, 2008
Fiat 500X (42.013) е број еден меѓу примероците без 4x4 погон. Следат Duster, T-Roc, Renegade, Captur, EcoSport, 3008, Qashqai, Compass, 2008
Fiat 500X (42.013) е број еден меѓу примероците без 4x4 погон. Следат Duster, T-Roc, Renegade, Captur, EcoSport, 3008, Qashqai, Compass, 2008
Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот
Топ 10 брендови
Топ 10 брендови
Топ 10 брендови
Fiat води во Италија (285.888), пред VW(176.813), Ford(122.157), Renault(113.924), Peugeot(110.034), Opel(96.559), Toyota(90.052), Citroen(86.468), Dacia(84.087) и Jeep(81.510)
Fiat води во Италија (285.888), пред VW(176.813), Ford(122.157), Renault(113.924), Peugeot(110.034), Opel(96.559), Toyota(90.052), Citroen(86.468), Dacia(84.087) и Jeep(81.510)
Fiat води во Италија (285.888), пред VW(176.813), Ford(122.157), Renault(113.924), Peugeot(110.034), Opel(96.559), Toyota(90.052), Citroen(86.468), Dacia(84.087) и Jeep(81.510)
Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend