Slider

Вести

Fiat остварил рекорден пазарен удел во А сегментот во 2020 година

Slider

25/01/2021

Италијански Fiat успеа да постави нов сопствен продажен рекорд во пандемиската 2020 година, остварувајќи најголем пазарен удел во А сегментот.

Успесите на Fiat Panda и Fiat 500 овозможија двата модела да покријат по 17,8% од пазарниот удел меѓу мини автомобилите (зголемување за 3% по модел), што значи дека заеднички стигнале до повеќе од една третина од продажбата во европските земји.

Panda во годината во која го прослави 40. роденден успеа максимално да издоминира на домашниот италијански пазар, каде сочинуваше 47,8% од целата продажба, истовремено зголемувајќи го пазарниот удел за 3,4% во однос на претходната година во европски рамки.

Од друга страна, Fiat 500 постави нов сопствен рекорд надвор од Италија, стигнувајќи до пазарен удел од 19,8%.

Panda и 500 како благи хибриди се покажаа како вистински погодок на производителот, бидејќи само во 2020 година стигнале до 110.000 купувачи, додека за краток период, новата електрична генерација на Fiat 500 веќе стигнала до над 10.000 купувачи во Европа.

Fiat како и изминатите неколку години, може да биде задоволен и од пласманот на Tipo, кој во својата прва генерација и пред најавениот фејслифт, бил продаден во 164.000 примероци, што е раст за 6 проценти во однос на претходната година.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider