Slider

Вести

Fiat Panda останува италијански бестселер, 500X бил најпродаван кросовер во 2020 година

Slider

05/01/2021

Календарската 2020 година ќе биде запаметена како уште една во која на италијанскиот пазар доминираше Fiat Panda, бестселерот кој рутински си остана на првото место според продажбата и во оваа комплицирана година.

Малиот Fiat останува важен двигател на италијанската автомобилска индустрија, наоаѓајќи примена како семеен градски автомобил, но и како 4×4 варијација и флотен фаворит на компаниите поради односот вложено/добиено.

Во 2020 година биле продадени 110.465 нови примероци на Fiat Panda, на второто место остана Lancia Ypsilon со 43.033, додека третото место и прво меѓу кросоверите го освои Fiat 500X со 31.831 примерок и за малку го надмина постигнувањето на својот роднина Jeep Renegade.

Вкупно, во Италија во 2020 година биле продадени 1.393.556 автомобили, што е послаб резултат за речиси половина милион автомобили во однос на 2019 година.

Во 2020 година, најмалку загубила Skoda (- 7,43%), додека во позитива е единствено Tesla, но американскиот бренд продаде симболични 3.804 нови автомобили.

Продажбата на електрични автомобили е зголемена за над 200 проценти, а таму најдобро котира Renault Zoe со 5.470 продадени примероци, по што следуваат Smart ForTwo и Tesla Model 3.

Интересно е што иако е релативно кратко во понудата, миленикот на Италијанците, новиот електричен Fiat 500 стигнал до петтото место со 2.175 продадени единици и интересно со број еден позиција во месец декември кога пристигнале најголем дел од нарачаните примероци.

Во нашата галерија видете го Топ 10 на најпродаваните автомобили во Италија во 2020 година.

10. Dacia Sandero
28.101 примероци
9. Citroen C3
29.168 примероци
8. Renault Captur
29.299 примероци
7. Toyota Yaris
29.608 примероци
6. Jeep Renegade
31.088 примероци
5. Fiat 500
31.409 примероци
4. Renault Clio
31.653 примероци
3. Fiat 500X
31.831 примерок
2. Lancia Ypsilon
43.033 примероци
1. Fiat Panda
110.465 примероци

претходна
следна

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider