Вести
Fiat планира 60 проценти електрифицирана гама во 2021 година
Fiat го започна процесот на целосна електрификација, а во 2021 година ќе биде реализирана фазата во која 60 проценти од гамата ќе има електрифицирана изведба
Последното освежување на Tipo и Panda ќе донесе нов импулс во продажните амбиции за италијански Fiat, а раководството на брендот најави поголема доза електрифицирани изведби во следната 2021 година.
Fiat 500 и Pandа како благи хибриди веќе се продаваат одлично на европскиот пазар, каде се меѓу петте најпродавани MHEV модели, а оваа година беше значајна и поради премиерата на новата генерација на Fiat 500 која ќе биде само со електричен погон.
Тоа е само почеток на целосната електрификација, а во 2021 година ќе биде реализирана фазата во која 60 проценти од гамата ќе има електрифицирана изведба.
Најавата доаѓа од првиот човек во ЕМЕА регионот на FCA, Лука Наполитано и нема причина да не се верува дека италијанскиот бренд ќе ја исполни својата проекција.
Fiat 500X веројатно е главен кандидат да добие дополнителна хибридна изведба, веројатно како плаг-ин хибрид со технологијата која веќе ја користи Jeep Renegade.
Повеќе содржини за Fiat: