Slide

Вести

Fiat планира камбек на Punto во 2023, потоа и електрична верзија со 500 километри автономија

Slide

Планот предвидува и електрични изведби на Punto кои прво ќе бидат поставени на втората генерација на е-CMP платформата, која ќе се користи во периодот на транзиција од 2022-2026 година.

09/08/2021

Fiat ќе претстави нова генерација од моделот Punto во 2023 година откако Италијанците по три генерации го дисконтинуираа моделот во 2018 година.

Новата шанса за популарното Punto се појави по спојувањето на FCA (Fiat Chrysler) со PSA (Peugeot/Citroën) во Стелантис групацијата.

Имено, новата генерација ќе биде поставена на CMP (Common Modular Platform) платформата која веќе е основа за неколку модели од Б сегментот на групацијата како што се Peugeot 208, Opel Corsa, како и кросоверите Opel Mokka и Peugeot 2008.

Враќањето на Punto е дел од планот на извршниот директор на Стелантис, Карлос Таварес, кој прави темелни промени во 14-те брендови на групацијата. Планот, кој вклучува инвестиција од над 30 милијарди евра предвидува безмалку сите нови модели во следните 3 години да бидат електрифицирани.

Новото Punto ќе биде и електрично

Во план се и електрични изведби на Punto кои прво ќе бидат поставени на втората генерација на е-CMP платформата, која ќе се користи во периодот на транзиција од 2022-2026 година.

Потоа, во 2026 година штом четирите STLA платформи бидат подготвени, Punto ќе се префрли на една од нив – “STLA Small” платформата која ќе му овозможи автономија од над 500 километри.

Сегашните електрични модели на групацијата имаат над 300 километри автономија. Меѓу нив е и Peugeot e208 со кој ние пред 6 месеци успеавме да поминеме 310 километри со едно полнење.

Во иднина сите модели на групацијата ќе бидат поставени на една од четирите STLA платформи наменети за плаг-ин хибридни и електрични изведби.

Со повторното лансирање на Punto, Стелантис ќе добие модел во рамките на групацијата кој ценовно ќе се конкурира со малите електрични модели Seat Acandra и Skoda Elroq кои Volkswagen групацијата планира да ги лансира во 2024 година.

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба