Slide

Стории

Ford дополнително ќе ја намалува малопродажната мрежа во Европа

Slide

Ford во Европа постепено ги напушта дел од патничките сегменти, како што се малите градски возила и компактите, истовремено фокусирајќи се на SUV модели и кросовери кои имаат поголеми профитни маржи.

19/06/2023

Ford, следејќи го примерот на дел од конкурентските автомобилски групации, планира дополнително намалување на малопродажната мрежа и имплементирање на таканаречениот агенциски модел на директни продажби.

Според менаџментот на Ford, дилерската мрежа во Европа е сѐ уште премногу голема и во следните години ќе следи нејзино оптимизирање.

“Севкупно гледано, нашата дилерска мрежа е преголема и ние ќе мора да ја реструктурираме”, изјави Мартин Сандер, директор на одделот за патнички возила на Ford за Европа.

Ford во Европа постепено ги напушта дел од патничките сегменти, како што се малите градски возила и компактите, истовремено фокусирајќи се на SUV модели и кросовери кои имаат поголеми профитни маржи, што во крајна линија и ја намалува потребата од голема дилерска мрежа, која беше поставена за да може да опслужи многу поголем обем на продажби.

“Идеалната малопродажна мрежа за нас би била помала споредено со оваа која ја имаме денес, но сепак, доволно голема за да ги опслужи нашите клиенти насекаде низ Европа”, додаде Сандер. Во некои земји мрежата и денес е оптимална, но дел од нив ќе мора да работат на нејзина оптимизација.

Само за илустрација, во Велика Британија, најголемиот европски пазар на Ford, американските автомобилски производители во 2021 година затвориле 25 дилерства, и уште 20 во изминатата 2022 година.

Во јули годинава, Ford ќе го произведе последниот примерок од култната Fiesta, а во истата фабрика во Келн ќе започне да се произведуваат електрични возила поставени на платформата на Volkswagen Group.

Slide
Slide

Најнови содржини

Продажбата на електрични изведби во сегментот на мали SUV возила стагнира поради намалените субвенции во дел од европските држави
Според Лука де Мео, строгата Еуро 7 норма ќе ја врати автоиндустријата назад кон инвестиции во мотори кои немаат иднина
Автомобилските производители продолжуваат со пренамена на своите фабрики во Обединетото Кралство и покрај промените во регулативата
Во првите 8 месеци од годината, VW Group и Tesla ја предводат електрификацијата во Европа