Вести

Ford ги намалува ризиците со нова технологија за следење на рабовите на патот (Видео)

Системот за детекција на рабовите на патот е подготвен да функционира на руралните патишта на брзини меѓу 70 и 110 км/ч, при што преку камери сместени на ретровизорите постојано го скенира патот и тоа 50 метри во далечина и 7 метри во широчина

16/03/2020

Статистиката од сообраќајните несреќи открива дека најголем дел од нив се случуваат на делници надвор од градот, односно при возење во порурални средини каде и сигнализацијата на патот секогаш е попроблематична.

Возењето по неосветлен и необележан рурален пат може да биде сериозен предизвик посебно за возачите кои не ја познаваат добро делницата и навечер кога видливоста е ограничена. Затоа Ford реши да го интегрира иновативниот систем „Road Edge Detection“, технолија чија задача е да го скенира патот и да ги неутрализира ненамерните грешки на возачот.

Системот за детекција на рабовите на патот е подготвен да функционира на руралните патишта на брзини меѓу 70 и 110 км/ч, при што преку камера сместена зад внатрешниот ретровизор постојано го скенира патот и тоа 50 метри во далечина и 7 метри во широчина.

Во ситуација е детектирано напуштање на асфалтот, односно автомобилот почнува да вози по друга помека подлога, системот овозможува блага интервенција на воланот за враќање во оптималната траекторија. Ако возачот продолжи да се приближува до работ, ќе добие и сигнал со вибрација на воланот како порака да реагира во одреден момент.

Навечер, системот ги користи светлата за да функционира на исто ниво како и преку ден, а истиот овозможува поддршка во управувањето и на обележани патишта каде линиите се покриени со снег, вода или паднати лисја.

Ford планира да го вметне овој систем во сите нови модели, а засега е достапен во Puma, Kuga, Focus и Explorer.

Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider