Slider

Новитети

Ford го претстави Mustang Mach-E: Моќен електричен SUV со автономија од 600 километри

Slider

Бројките од спецификацијата велат дека Ford Mustang Mach-E во најмоќната изведба ќе располага со 465 коњски сили, до стотка ќе стигнува за помалку од 5 секунди, а „мустанговскиот“ карактер ќе го потврдува и со постојано достапниот вртежен момент од дури 830 Nm кај GT изведбата

18/11/2019

Најавите се претворија во реалност, Ford веќе официјално ги објави деталите за својот нов модел, првиот електричен SUV во портфолиото и автомобил кој го доби името Mustang Mach-E.

Инспирирани од легендарниот спортски автомобил Mustang, во Ford решија да вкомпонираат дел од неговите гени во својата електрифицирана SUV понуда, а на крајот Mach-E e спортски кросовер со целосно електричен погон.

Mustang Mach-E е само една од четиринаесетте електрифицирани модели кои Ford ќе им ги понуди на европските купувачи до крајот на следната 2020 година.

Новиот Ford е долг 4,71 метар, широк 1,88 и висок 1,60 метри, а неговото име се изговара „Мак-И“.

Бројките од спецификацијата велат дека Ford Mustang Mach-E во најмоќната изведба ќе располага со 465 коњски сили, до стотка ќе стигнува за помалку од 5 секунди, а „мустанговскиот“ карактер ќе го потврдува и со постојано достапниот вртежен момент од дури 830 Nm кај GT изведбата.

Ford реши да подготви неколку различни варијации на тема, па Mustang Mach-E во најдостапната изведба ќе располага со автономија со едно полнење од околу 450 или 600 километри (опција со продолжен досег), погон на задните тркала и максимален вртежен момент од 415 Nm.

AWD изведбата е најавена со досег од 420 или 540 километри (0пција со продолжен досег) и вртежен момент од 565 Nm, додека веќе го споменавме најмоќниот Mustang Mach-E GT со 830 Nm и најавена автономија од 500 километри.

Со исклучок на GT варијантата, преостанатите две ќе бидат понудени со класичен и продолжен ранг, што значи дека кај FWD изведбата може да се располага со 258 или 285 коњски сили, а кај AWD тоа значи опција меѓу 258 и 337 кс.

Првите купувачи ќе ја добијат Firs Edition изведбата која ќе биде во ограничени примероци и доаѓа со конфигурација со моќност од 337 коњски сили, 565 Nm и најавен досег од 540 километри.

Покрај останатите напредни елементи, Ford најави дека овој автомобил ќе го добие и најновиот SYNC 4 инфо-забавен систем со кој достапен ќе биде и 15,5-инчен централен екран со напредни опции и интелигентна поддршка.

Капацитет на багажникот на Mustang Mach-E е 402 литри, а дополнителен простор ќе се добие и во помалиот простор на предниот дел на автомобилот, додека со спуштање на задните седишта капацитетот достигнува 1.420 литри.

Full screenExit full screen

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider