Slider

Новитети

Ford го возобнови Bronco по 25 години, теренецот ќе има три изведби

Slider

Покрај реинкарнацијата на легендарниот SUV со две врати, новиот Bronco доби и подолга верзија со четири врати, како и Bronco Sport кој ќе се истакнува со своите он-роуд перформанси

14/07/2020

Ford денеска официјално го претстави новиот Bronco, кој нема да биде само нов модел, туку и цело семејство кое ќе го носи легендарното лого.

Покрај реинкарнацијата на легендарниот SUV/теренец со две врати, новиот Bronco доби и подолга верзија со четири врати, како и Bronco Sport кој ќе се истакнува со своите перформанси.

Bronco ја задржува препознатливата традиција на 4×4 бренд, чија главна задача е да го потврдува својот потенцијал при оф-роуд авантури, a предводникот на Ford, Џим Фарли, ги најави членовите на Bronco семејството како комбинација на цврстината на F-Series и спортскиот дух на Mustang.

Клиренсот од 294 милиметри, опција за тркала до 35 инчи и можност за поминување низ вода длабока до 85 сантиметри се дел од квалитетите на Bronco, кој истовремено добива посебно подготвен 4×4 погон со две алтернативи и уште многу елементи и системи поврзани со оф-роуд потенцијалот.

Изборот на мотори подразбира 2.3-литарски EcoBoost со 270 коњски сили и V6 варијанта со 310 коњски сили, а достапна е и 10-степена автоматска трансмисија.

Изведбата Bronco Sport е најон-роуд претставник на Bronco подбрендот, а неговите купувачи ќе треба да се одлучат меѓу 1.5-литарски EcoBoost со 181 кс или 2.0-литарски мотор со 245 коњски сили. Bronco Sport ќе биде достапен со 8-инчен екран и SYNC 3 инфо-забавен систем, додека кај класичните Bronco изведби е вграден SYNC 4 со опција меѓу 8 и 12-инчен централен екран.

Моделот Bronco беше активен меѓу 1965 и 1996 година, а и современата генерација ќе се произведува во Мичиген.

Ford засега го планира Bronco семејството за американскиот пазар, а почетната цена за изведбата со две врати изнесува 29.995 долари.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider