Slider

Вести

Ford ќе го произведува својот прв мал електричен автомобил во Германија

Slider

09/02/2021

Фабриката во Келн ќе биде локацијата на која Ford ќе го произведува својот прв мал електричен автомобил, – објавија вечерва германските медиуми.

Погоните во кои во моментов се произведува европскиот бестселер Ford Fiesta ќе бидат подготвени до 2024 година за производство и на електричен модел, а се претпоставува дека ќе биде користена MEB платформата на Volkswagen.

Информацијата допрва ќе треба да биде потврдена од страна на Ford, но изворите на медиумите се сигурни дека малиот BEV модел ќе биде произведуван на германска територија.

Ford и Volkswagen изминатиот период потпишаа договор за соработка, во кој е вклучено и користењето на MEB платформата од страна на американскиот производител.

Повеќе содржини за Ford:

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider