Slide 1
Slide 1

Вести

Ford ќе го заврши производството на Mondeo во 2022 година

Slide 1
Slide 1

25/03/2021

Ford не планира наследник на актуелната генерација на седанот Mondeo и неговото производство ќе заврши следната 2022 година.

Британски „Аутокар“ објави дека добил потврда од производителот за планот за иднината на Ford во Европа, а во него не е вклучен нов Mondeo.

Mondeo беше глобален модел кој дебитираше во 1993 година и во моментов се наоѓа во петтата генерација, но ја загуби својата позиција поради големиот интерес за кросоверите и SUV моделите.

Она што може да ги разочара европските фанови на Ford е големиот кросовер кој веќе е забележан при тестирањата, најверојатно нема да биде понуден на овој континент, затоа што производителот најавил дека не планира наследник на Mondeo.

Со оглед на минималниот интерес за моноволумени, иста судбина се предвидува и за S-Max и Galaxy, што значи дека Fiesta и Focus ќе останат единствени модели кои не се SUV во класичната понуда на Ford.

Американскиот производител најави електрична офанзива, но останува да се види со кое темпо и со какви изведби ќе се претставува во Европа.

Повеќе содржини за Ford:

Најнови содржини

Lexus го претстави новиот NX, првпат достапен и како плаг-ин хибрид
Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови