Вести

Ford ќе ја искористи соработката со VW за помала изведба на Mustang Mach-E

Соработката со VW Group која е официјално започната ќе биде добредојдена од овој аспект, па Ford планира да ја искористи MEB платформата за да лансира кросовер кој ќе биде помал од Mach-E и ќе биде подостапен за купувачите

25/12/2019

Ford предизвика сериозно внимание со промоцијата на својот прв електричен SUV кој го доби името Mustang Mach-E, a американскиот гигант има многу поголеми амбиции од тоа да остане на само еден модел во овој сегмент.

Соработката со VW Group која е официјално започната ќе биде добредојдена од овој аспект, па Ford планира да ја искористи MEB платформата за да лансира кросовер кој ќе биде помал од Mach-E и ќе биде подостапен за купувачите.

Следен чекор на двете страни е поактивна комуникација во која претставниците на Ford би побарале адаптација на MEB платформата според нивните потреби.

– Клучно е да ја добиеме потребната флексибилност, односно да имаме соодветна диференцијација и перформанси кои се очекуваат од Ford. Голем дел од ова е веќе завршен во првичните разговори со Volkswagen, a според параметрите кои ги гледаме, може да креираме одличен Ford автомобил, – изјавил Тед Канис, глобален директор за електрификација во Ford за британски „Ауто Експрес“.

MEB платформата поддржува погон на задни и четири тркала, па Ford сигурно ќе ги искористи двете опции, исто како и можностите за батерии со различен капацитет. Дали и овој модел ќе го добие логото на Mustang останува да се одлучи по комерцијализацијата на Mach-E и начинот на кој ќе биде прифатен од купувачите.

Slider
Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider