Slide

Вести

Ford ќе започне да вградува подостапни батерии во конфигурациите на Mustang Mach-E со стандардна автономија

Slide

Според Ford, и покрај воведувањето на новиот тип на батерии, купувачите повторно ќе може да изберат како и сега: батерија која овозможува стандардна или продолжена автономија.

07/03/2023

Започнувајќи од пролетва, Ford ќе започне да го нуди електричниот Mustang Mach-E со поевтините батерии, составени од литиум железо фосфат. 

Истата пракса ќе биде применета и кај F-150 Lightning, но започнувајќи од следната година.

Поевтините батерии ќе бидат како дополнителна опција на веќе постоечките – поскапи батерии на база на никел и кобалт.

Според производителот од Детроит, опцијата за избор на типот на батерија ќе биде додадена на веќе постоечките конфигурации, на начин кој јасно ќе ги диференцира перформансите на батериите и нема да ги збунува идните купувачи.

Во моментов, електричната гама на Ford вклучува батерии кои користат никел, кобалт и манган. За разлика од нив, батериите составени од литиум железо фосфат се потрајни, а потребно е покусо време за нивно комплетно полнење. 

Ова ги прави погодни за оние купувачи кои најчесто го користат своето возило за минување на куси релации во урбаните средини, на пример до своето работно место или до училиштето на своето дете.

За разлика од нив, батериите на база на никел, кобалт и манган овозможуваат поголема автономија со едно полнење, што ги прави посоодветни за купувачи кои минуваат подолги релации.

Според Ford, и покрај воведувањето на новиот тип на батерии, купувачите повторно ќе може да изберат како и сега: батерија која овозможува стандардна или продолжена автономија.

Чарлс Пун, директорот на Ford за електричните системи, изјави дека оние кои ќе изберат електричен модел со стандардната автономија, автоматски ќе ги добијат батерија од литиум железо фосфат, додека оние кои ќе изберат модел со продолжена автономија, ќе добијат батерија со никел, кобалт и манган.

Ford, секако, не е првиот автомобилски производител кој се реши на ваков чекор.

Кон крајот на 2021, Tesla започна да ги нуди батериите со литиум железо фосфат во дел од своите модели, во конфигураците со стандардна автономија, а сличен потег најавија уште неколку големи европски групации.

Причината за ова е тоа што овие батерии се 30 до 40% поевтини од оние со никел, кобалт и манган. Најголемата разлика во цената е резутлат на тоа што минералите како што се железото и фосфорот ги има во изобилие низ светот.

Ова е многу битно за производител како Ford. Според менаџментот на компанијата, електричните возила сѐ уште не го минале прагот на профитабилноста, и не се очекува да го минат до 2026 година. 

За почеток, подостапните батерии Ford ќе ги набавува од добавувачот Contemporary Amprerex Technology Co. Ford планира изградба на фабрика за батерии во Мичиген, која во иднина ќе биде задолжена за производство на овие батерии.

Slide
Slide

Најнови содржини

Audi ќе ги именува електричните модели со парни броеви, додека оние со мотори со внатрешно согорување – со непарни
Dacia Sandero е на пат да стане најпродаван модел во Европа во два последователни месеци
Neue Klasse платформата ќе му овозможи на BMW преполовување на трошокот потребен за производство на еден автомобил 
Со EV9, Kia планира да ги претрка конкурентите од Европа и Јапонија во сегментот на големи електрични SUV модели